Сметачка мрежа: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 78:
 
[[Домашна локална мрежа]] (HAN) е станбена LAN која се користи за комуникација помеѓу дигитални уреди обично распоредени во домот, најчесто тоа се мал број на персонални компјутери и дополнителна опрема, како што се печатачи и мобилни компјутерски уреди. Важна функција е споделувањето на Интернет пристап а често и сервисот за праќање пораки преку CATV или провајдерот дигитална претплатнича линија [[Digital Subscriber Line]] (DSL). Таа, исто така може да се нарече како канцелариска мрежа (Office area network - OAN).
 
== Метрополитен мрежа (MAN) ==
Метрополитен мрежата (Metropolitan Area Network ‐MAN) се состои од локални мрежи кои се меѓусебно поврзани преку површината на еден град или „метрополитен“ област. MAN мрежите им овозможуваат на локалните мрежи (одделенија) да делат ресурси, комуницираат едни со други и обезбедуваат приватен телефонски сервис на поголем простор. MAN овозможуваат алтернатива на побавните конекции кои се остваруваат преку WAN заради користење на кабли и опрема со високи перформанси.<ref>Internetworking Technologies Handbook, Fourth Edition - By Cisco Systems, Inc.</ref> MAN мрежите обично имаат само една конекција кој секоја локација (site),причината се состои во високата цена на каблите и опремата.
 
Метрополитен мрежите ги имаат следниве карактеристики:
* Локациите се дисперзирани преку градската и приградските области.
* Со појавата на MAN мрежите, стана можно да се изведува поврзување со стотици Mbps, дури и со гигабитски брзини.</li>
* Постои една точка на поврзување помеѓу секоја [[локална мрежа]].
* Се користат уреди како што се рутери, телефонски и ATM преклопници и микробранови антени. <ref>Computer Networks, Fourth Edition - By Andrew S. Tanenbaum p. Chapter 1-1.2.2 Metropolitan Area Networks</ref>
 
== Глобална мрежа (WAN) ==