Протокол за директно поврзување на два мрежни јазла: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 24:
На сликата се прикажани рамките разменети за време на воспоставувањето на врската PPP преку модем со повикување на телефонскиот број (dial-up) на провајдерот на Интернетуслуги. Првите девет рамки се поврзани со протоколот за контрола на врска. Секој крај на врската испраќа рамки LCР со барање за конфигурација, со кои предлага множество на конфигурациски опции. Другиот крај одговара со потврда за конфигурацијата LСР (LCP Configuration-ACK) доколку опциите се прифатливи, со негативна потврда (Configuration-NAK) а сите опции се препознаваат, но не се прифатливи, како и со одбивање на конфигурацијата (Configuration-Reject) ако некои опции не се препознатливи или не се прифатливи за договарање. Од сликата може да се забележи дека договарањето за опциите може да бара одреден број размени на рамки. Содржината на последната рамка LСР за договарање на опции е прикажана во средниот прозорец на сликата, која потврдува дека треба да се употреби протокол за докажување на автентичноста на лозинката (РАР) за да се утврди автентичноста.
Рамките 10 и 11 ја вршат размената РАР. Потсетете се дека РАР испраќа лозинка како нешифриран облик на шифрирана порака, и ако ја зумираме содржината на рамката 10 ќе можеме да jа видиме лозинката. Крајната фаза на воспоставувањето на врската го вклучува протоколот за контрола на мрежата. Примерот ја покажува употребата за контрола на Интернет-протоколот (Internet Protocol Control Protocol/IPCP), кој ги договара адресата IP и употребата на компресија на датаграмите IP. Рамкита 21 е конечна потврда за конфигурацијата IPCP. Врската PPP дека е подготвена за трансфер на податоци. Ослободувањето на врската PPP вклучува размена на рамка за барањето за прекинување LCP и на рамки за потврда на прекинувањето LCP.
== Референции ==
# Компјутерски Мрежи од Ендру С.Таненбаум
# Податочни и Компјутерски Комуникации од Вилијам Сталингс
# Комуникациски Мрежи од Алберто Леон-Гарсија и Индра Виџаја