Протокол за директно поврзување на два мрежни јазла: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 3:
== Формат на РРР рамка ==
Протоколот РРР користи рамковен формат сличен на HDLC за вметнување датаграми во мрежи со директна врска меѓу два јазли. Рамката РРР секогаш почнува и завршува со стандардо знаме HDLC. За разлика од HDLC, рамката РРР е составена од бајти изразени со цел број. Од овие причини за вметнување на битови не се користи техниката на HDLC. Наместо тоа, се користи методата на внесување. Второто поле во рамката РРР нормално е составено од адресно поле на „сите единици" (0хFF), кое укажува дека сите станици треба да ја прифатат рамката. Контролното поле, обично, е подесено на 00000011 (0x03), затоа што РРР нормално работи во неконекциски режим на работа. 00000011 укажува на ненумерирана рамка HDLC, па така броевите на секвенците не се користат. Прикажан е пример на рамката РРР. Средниот прозорец ги покажува адресата и контролното поле на пакетот 4, од кое се гледа дека претходната дискусија се потврдува. Полето на протоколот укажува дека дадената рамка во својата корисничка информација PDU на РРР носи протокол од повеќе врски, кој на крај носи порака НТТР.
РРР беше дизајниран за симултано да поддржува повеќе мрежни протоколи односно, РРР може да пренесува пакети што се произведени од страна на разни протоколи на мрежниот слој. Оваа ситуација се појавува во мултипротоколни-те рутери, кои можат симултано да поддржуваат неколку протоколи на мрежни слоеви. Полето на протоколот е долго 1 или 2 бајта и се користи за идентификација на протоколот на мрежниот слој на пакетот што е содржан во информациското поле. Забележувате дека протоколот и информациското поле РРР заедно одговараат на информациското поле во нормалната рамка HDLC(види слика 5.35). На крај, полето CRC може да користи ССIТТ 16 или ССIТТ 32 полиномни генератори.
 
== Можности на РРР во соработка со други протоколи ==
=== РРР и Протоколот за контрола на врска ===