Протокол за директно поврзување на два мрежни јазла: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 6:
== Можности на РРР во соработка со други протоколи ==
=== РРР и Протоколот за контрола на врска ===
Протоколот РРР обезбедува многу корисни можности преку протоколот за контрола на врска и преку фамилијата на протоколи за контрола на мрежа. Протоколот за контрола на врска (Link Control Protocol/LCP) се користи за воспоставување, конфигурација, тестирање, одржување и завршување на линковската врска. Како што е прикажано на слика 5.41, LСР почнува со воспоставување физичка врска. LСР вклучува размена на пораки меѓу рамноправните процеси за да ја договори конфигурацијата на врската. За време на договарањето, крајната точка на РРР, исто така, може да му покаже на својот рамноправен процес дека сака да се поврзе со повеќе врски (односно, да комбинира повеќе физички врски во една логична врска). РРР поврзано со повеќе врски овозможува од повеќе бавни физички врски да се изгради една брза податочна врска. Кога рамноправните процеси ќе се договорат за конфигурацијата почнува процесот на докажување на автентичноста, ако така е избрано со конфигурацијата.
 
=== РРР и Протоколот за контрола на мрежата ===
Откако докажувањето на автентичноста ќе заврши, во употреба влегува протоколот за контрола на мрежата (Network Control Protocol/NCP) за конфигурацијата на секој протокол на мрежен слој, кој треба да работи во врската. По ова РРР може да трансферира пакети од различни протоколи на мрежниот слој (како што се IР, IРХ, Decent, AppleTalk) преку иста податочна врска. Потоа дестинацискиот рамноправен процес може да насочува вметнати пакети до соодветниот протокол на мрежен слој преку читање на протоколното поле во рамката. Причината поради која оваа способност е важна e во тоа што рутерите толку напреднале што може симултано да поддржуваат пакети од разни мрежнн протоколи.