Натанаил Кучевишки: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нова страница: '''Натанаил Кучевишки''' (родено световно име: '''Нешо Стојанов Бојкикев''') (1820-1906) е познат егзарх...
 
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Натанаил Кучевишки''' (родено световно име: '''Нешо Стојанов Бојкикев''') (1820-1906) е познат егзархиски митрополит и помогач на македонското револуционерно ослободително движење во времето на големата источна криза. Роден е во село [[Кучевиште]], [[Скопје|Скопско]] во 1820 година. Првобитно се школува во [[Скопје]], [[Самоков]] и [[Прилеп]]. По замонашувањето во Зографскиот манастир на Света Гора (1837) завршува духовна семинарија во [[Одеса]] и духовна академија во [[Киев]]. Извесно време повторно престојува на Света Гора, а потоа управува со Добровецкито манастир во [[Молдавија]]. По формирањето на бугарската егзархија е ракоположен за прв егзархиски митрополит во [[Охрид]]. За време на престојот во овој град (1874-1877) доаѓа до конфликт со [[Григор Прличев]] и тамошното граѓанство. Протеран е од [[Охрид]] во Цариград на почетокот на Руско-турската војна (1877-1878) од страна на турските власти кои се сомневале во неговата лојалност. Од таму тајно се префрла во [[Пловдив]] по неговото ослободување од руските војски каде ќе престојува кратко време. Потоа преку [[Софија]] пристигнува во [[Ќустендил]] и станува еден од организаторите на [[Македонско востание|Македонското (Кресненското) востание]]. Формира доброволечки чети и благотворителни комитетиво пограничните реони на [[Бугарија]] спрема [[Македонија]] ([[Турција]]) и се поврзува со познатите македонски војводи дедо [[Иљо Малешевски]] и [[Димитар Беровски]]. Сепак во пресудните моменти застанува на страната на софискиот комитет „Единство“ кој ги застапувал бугарските интереси во [[Македонија]], но неговите заложби успеваат да го спасат од ликвидација и да го ослободат од ќустендилскиот затвор [[Димитар Беровски]]. По неуспехот на востанието егзархијата го назначува за управник во Ловчанската епархија. Од 1891 до крајот на животот е на функцијата митрополит во [[Пловдив]]. Автор е на трудови со црковно-историски и автобиографски карактер каков што е ''„Жизнеописание митрополита охирдско-пловдискаго Натанаила-автобиографични бележки“''.
 
[[Категорија:Македонци]]