U2: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 28:
Групата е формирана во [[Даблин]], сабота [[25 септември]] [[1976]]. Четиринаесетгодишниот [[Лари Мален Јуниор]] објавил на средношколската табла дека бара музичар за својот бенд. Набрзо ја имале својата прва проба во кујната на Лари.
 
Групата, тогаш позната како „Бендот на Лари Мален“, го сочинувале Мален кој свирел на тапани, [[Адам Клејтон]] на бас гитара, Пол Хјусон ([[Боно]]) како вокал, Дејв Еванс ([[The Edge|Ди Еџ]]) на гитара, неговиот брат Дик Еванс и другарите на Мален, Ајван Макормик и Питер Мартин на гитари. После неколку недели и Мартин и Макормик биле исфрлени од групата бидејќи биле многу млади за да можат да свират на договорените настапи по баровите. Подоцна името го промениле во '''-{Feedback}-'''. Иако се познати како Ирски бенд, два члена, Еџ и Адам Клејтон се Британци по потекло.
 
Хјусон го добил надимакот „Боно Вокс“ по рекламната кампања на компанијата која продавала апарати за слушање (''-{vox bona}-'' што на латински значи „добар глас“). Имено, еден негов другар рекол дека тој пее толку гласно што и ако огчуви нема да му требаат апарати за слушање. ''-{The Edge}-'' (-{en:-}- ''ивица'') го добил надимакот од Боно кој мислел дека Дејв е секогаш „на ивица“ поради ситуацијата во светот. Боно исто така мислел дека „оштрица“ е најдобар опис на главата на Еџ.
 
После 18 месеци проба го промениле името на бендот од -{Feedback}- во '''-{The Hype}-'''. Кога во 1978. настапиле на еден фестивал ги забележал еден од судиите – Џеки Хајден (-{Jackie Hayden}-) кој бил продуцент на „-{CBS„CBS Records}-“Records“. Освоиле прва награда и 500 фунти, а Хајден им дал на располагање студио како би можеле да го снимат својот прв демо албум.
 
Дик Еванс (брат на Еџ) најавил дека ќе замине од групата во [[март]] [[1978]], а потоа одржале проштална забава. Во [[мај]] [[Пол Макгинис]] станал нивен [[менаџер]].
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/U2