Михаил Бахтин: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Михаил Михаилович Бахтин''' ({{роден на|17|ноември|1895}}, [[ОрелОриол]] – {{починал на|7|март|1975}}) бил руски филозоф, книжевен критичар, семиотичар и академик кој работел во областа на книжевната теорија, етика и филозофијата на јазикот.Неговите дела, кои опфаќаат широк спектар теми, инспирирале научници од голем број различни традиции (марксизам, семиотика, структурализам, религиозна критика) и во различни дисциплини, како што се книжевната критика, историјата, филозофијата, антропологијата и психологијата. Иако Бахтин бил активен во естетските и книжевните дебати кои се одвивале во Советскиот Сојуз во 1920-тите, неговата посебна позиција не била позната се додека не бил повторно откриен од руските научници во 1960-тите. Преводот на неговите дела на голем број јазици во 1960-тите, 70-тите и 80-тите години го направи една од највлијателните фигури во хуманистичките науки.
==Вовед==
Бахтин имал тежок живот и кариера и многу малку од неговите дела биле објавени во авторитативна форма за време на неговиот живот. Како резултат на тоа, постојат значителни несогласувања околу прашањата кои се земаат здраво за готово: во која дисциплина тој работел (дали бил филозоф или книжевен критичар?), како да се периодизира неговата работа, па дури и кои текстови ги напишал. Тој е најдобро познат по влијателни концепти , кои биле користени и приспособени во голем број дисциплини: дијаголизам,карневал,хронотроп, хетероглосија и "ексотопија". Заедно овие концепти даваат една посебна филозофија на јазикот и културата, во кои централно е тврдењето дека сите дискурси во суштина се дијалошка размена и дека ова ги одликува сите јазици со одредена етичка или етичко-политичка сила.