Михаил Бахтин: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 35:
Втор концепт е идејата за односот помеѓу себеси и другите или другите групи. Според Бахтин, секоја личност е под влијание на друга во еден испреплетен начин и последователно на ова, ниеден глас не може да биде изолиран. Во едно интервју, Бахтин објаснува дека,
<blockquote>Со цел да се разбере ова, неизмерно важно е личноста која разбира да биде лоцирана надвор од објектот од неговото или нејзиното креативно разбирање – во време, во простор, во култура. Еден не може да си ја види својата надворешност и да ја разбере како цела и ниедно огледало или фотографија не може да помогне; нашиот вистински надворешен изглед може да биде виден и разбран само од другите луѓе, затоа што се наоѓаат надвор од нас во просторот, и поради тоа што тие се други”. ~ Њујорк Преглед на Книги, 10 јуни 1993.</blockquote>
Како таква, филозофијата на Бахтин многу го почитувала влијанието на другите врз личноста, не само во смисла на тоа каква е личноста, туку и како личноста мисли и како личноста се гледа себеси искрено.
Трето, Бахтин пронашол во делото на Достоевски вистинска репрезентација на полифонија т.е. многу гласови. Секој лик во делото на Достоевски претставува глас кој зборува за себеси, различен од другите. Оваа идеа за полифонија е поврзана со концептот за недовршеност и себеси-и-другите, бидејќи недовршеноста на индивидуата е онаа која создава вистинска полифонија.
 
Бахтин, исто така, накратко го опишува и полифонискиот концепт на вистината. Тој ја критикува претпоставката дека, ако две индивидуи не се согласуваат, барем едната од нив мора да греши. Тој ги предизвикал филозофите за кои множината на умовите е случајна и излишна. За Бахтин, вистината не е изјава, реченица или фраза. Наместо тоа, вистината е број од заедничко адресирани, иако контрадикторни и логички недоследни, изјави. На вистината и требаат мноштво од носечки гласови. Таа не може да биде задржана во еден ум и не може да биде изразена од “една уста“. Полифониската вистина бара многу симултани гласови.Бахтин не мисли да каже дека многу гласови носат дел од вистината и дека се дополнуваат едни со други. Голем број на гласови не ја прават вистината едноставно,“просечна“ или “синтетизирана“.Фактот на заедничка адресираност, на соочување и на посветување на контекстот од реалниот живот, ја разликува вистината од невистината.
Кога, во подоцнежните години,“Проблеми на уметноста на Достоевски“ била преведена на англиски јазик и издадена на Западот, Бахтин додал дел за концептот на карневал и книгата беше издадена со малку поразличен наслов,“Проблеми на поетиката на Достоевски“. Според Бахтин, карневал е контекстот во кој различните индивидуални гласови се слушнати, цветаат и се соочуваат меѓу себе. Карневалот создава “праг“ каде обичните конвенции се уништени или извртени и уникатниот дијалог станува можен.Поимот на карневал е начинот на кој Бахтин го опишува полифонискиот стил на Достоевски: секој индивидуален лик е силно дефиниран и во исто време читателот сведочи за влијанието на едниот лик врз другиот. Со други зборови, гласовите на другите се слушнати од секоја индивидуа и секој го оформува ликот на другиот.
=== “Рабеле и Неговиот свет”:карневал и гротеска ===
Во текот на Втората светска војна, Бахтин поднел дисертација за францускиот ренесансен писател Франсоа Рабеле која не била одбранета се до неколку години подоцна. Контроверзните идеи дискутирани во делото предизвикале многу несогласувања и како последица на ова на Бахтин му било оневозможено да докторира. Така, благодарение на својата содржина,“Рабеле и народната култура на Средниот век и Ренесансата“ не била издадена се до 1965 година, време во кое книгата била издадена како “Рабеле и неговиот свет“.
 
Сегашна класика на ренесансните студии,“Рабеле и неговиот свет“ се смета за едно од најважните дела на Бахтин и овде Бахтин го истражува Рабеловиот роман ''Гаргантуа'' и ''Пантагруел''. Бахтин тврди дека со векови Рабеловата книга била погрешно интерпретирана и тврди дека “Рабеле и неговиот свет“, Бахтин се занимава со отвореноста на ''Гаргантуа'' и ''Пантагруел'';