Михаил Бахтин: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 30:
=== “Проблеми на уметноста на Достоевски”: полифонија и недовршеност ===
Додека е во Ленинград, Бахтин го префрла неговиот фокус од филозофската карактеристичност во неговите рани дела кон поимот на дијалогизам. Токму овде тој се зафаќа со делото на Достоевски. “Проблеми на уметноста на Достоевски” се смета за главно дело на Бахтин и овде Бахтин ги претставува трите значајни концепти.
 
Прв е концептот за недовршено себство: индивидуата не може да се финализира, целосно да се разбере, запознае или обележи. Иако е можно да се разберат луѓето и да се третираат како да се целосно познати, концептот за недовршеност на Бахтин не ја отфрла можноста дека личноста може да се смени и дека личноста никогаш не е целосно откриена или целосно позната во светот. Читателите можат да увидат дека овој концепт ја одразува идејата на душата; Бахтин има длабоки корени во христијанството и хеокантианизмот на чело со Херман Коен од кои и двете ја нагласуваат важноста на потенцијална бесконечна способност на индивидуата, вредноста и скриената душа.