Михаил Бахтин: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 23:
=== “Кон филозофијата на делото” ===
“Кон филозофијата на делото” за прв пат е објавено во Русија во 1986 година. Ракописот, напишан помеѓу 1919-1921 е пронајден во лоша состојба со страници кои недостасувале и делови од текстот кои биле неразбирливи. Поради оваа причина овој филозофски есеј денес изгледа како дел од незавршено дело.“Кон филозофијата на делото” содржи само вовед, од кој некои од првите страници недостасуваат. Сепак, намерите на Бахтин за текстот не биле целосно изгубени бидејќи тој дал преглед на делото во воведот во кој вели дека есејот се состои од четири дела. Првиот дел од текстот се занимава со анализа на извршените акти или дела кои го сочинуваат вистинскиот свет. За трите последователни и незавршени делови од “Кон филозофијата на делото” Бахтин ги наведува темите за кои планира да дискутира. Тој истакнува дека вториот дел ќе се занимава со естетската активност и етиката на уметничкото творештво; третиот со етиката на политиката; и четвртиот со религијата. “Кон филозофијата на делото” открива млад Бахтин кој е во процес на развивање на неговата морална филозофија со децентрализирање на делата на Кант. Овој текст е еден од раните дела на Бахтин кои се занимава со етика и естетика и овде Бахтин изложува три тврдења во врска со признавање на уникатноста на човековото учествување во Битието:
# 1. Јас учествувам во Битието и активно и пасивно.
# Мојата уникатност е дадена, но таа истовремено постои само до степен на кој јас ја актуализирам оваа уникатност (со други зборови, тоа е изведениот чин и дело кои допрва треба да се постигнат).
 
[[Категорија:Руски философи]]