Михаил Бахтин: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 9:
Во 1920-тите постоела “школата Бахтин” во Русија, која била во согласност со дискурзивната анализа на Фердинанд де Сосир и Роман Јакобсон.
==Биографија==
Бахтин бил роден во Ориол, Русија, надвор од Москва, во старо благородничко семејство. Неговиот татко бил управник на банка и работел во повеќе градови. Поради овие причини Бахтин го поминал своето рано детство во Орел, Вилнус и Одеса, каде во 1913 наводно се запишал на историскиот и филолошкиот факултет во локалниот универзитет. Катерина Кларк и Мајкл Холквист пишуваат: „Одеса..., како Вилнус, била соодветна околина за дел од животот на човек кој подоцна ќе стане филозоф на хетероглосијата и карневалот. Истата смисла на забава и непочитување која го создала Бабеловиот рабелистички гангстер, или триковите и измамите на Остап Бендер, или пикарото создадено од Иљф и Петров-остави белег на [[Бахтин]]. Подоцна се префрла на Петербуршкиот универзитет да му се приклучи на својот брат Николај. Таму Бахтин бил под големо влијание на Ф.Ф. Зелински,чии дела ги содржат почетоците на концептите на Бахтин.
 
Бахтин ги завршил студиите во 1918 година и се доселил во мал град во западна Русија, Невел, каде две години работел како учител.Тоа било времето кога се формирал првиот „Бахтинов круг”. Група составена од интелектуалци со различни интереси, но сите ја делеле љубовта кон дискусијата за литературни, религиозни и политички теми. Вклучен во оваа група бил и Валентин Волошинов, а подоцна и П.Н. Медведев. Германската филозофија била најчеста тема на разговор и од овој момент Бахтин се сметал себеси повеќе за филозоф отколку за книжевен научник.Во Невел, Бахтин исто така неуморно работел на големо дело во врска со моралната филозофија,кое никогаш не била објавена во целост.Сепак, во 1919 г., краток дел од ова дело било објавено под наслов „Уметност и Оодговорност“. Ова било прво објавување на дело на Бахтин. Бахтин се преселил во Витебск во 1920 година. Во Витебск, во 1921 г., Бахтин се оженил со Елена Александровна Олокович. Подоцна, во 1923 г. на Бахтин му бил дијагностицирано остеомилитис, коскена болест која на крајот довела до ампутација на неговата нога во 1938 г. Оваа болест ја попречила неговата продуктивност и го направила инвалидизиран.