Петти вселенски собор: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Петтиот Вселенски собор''' (грчки: ''Η Ε΄ Οικουμενική Σύνοδος; Δεύτερη Σύνοδος της Κωνσταντινούπολης'' - Втор Константинополски собор) бил наречен соборот кој се одржал од 5 мај до 4 јуни 553 година во Константинопол, во време на императорот Јустинијан I Велики (527-565). На овој собор не се зборувало за некоја нова ерес, туку на нов начин се разгледувани проблемите со монофизитите, несторијанците и оригенистите. Императорот направил обид да ги врати монофизитите во црквата. За таа цел, била одржана средба на православни и монофизитски богослови во [[532]] година. За монофизитската страна било несфатливо осудувањето на [[Несториј Константинополски]] од страна на црквата, а одбегнувањето на предавање на осуда на неговиот учител, [[Теодор Мопсуестиски]], како [[Теодор Кирски]] и [[Ив Едески]], кои јавно го поддржале Несториј. Црквата направила исчекор, и прифатила повторно подетално да расправа за овие три личности од петтиот век, еден век подоцна.
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
{{Внимание}}
{{Викифицирање}}
 
Од Четвртиот до Петтиот собор поминаа 172 години. Петтиот Вселенски собор беше одржан во Константинопол во 553 година, во времето на владеењето на [[Јустинијан]] I. На него присуствуваа 160 Свети Отци. Најстарите од нив беа: Евтихиј Константинополски, Аполинариј Александриски, Домн Антиохи- ски и Дамјан Созополитски. Овој свет Собор го доврши и го утврди она што беше решено на Халкидонскиот и ја проколна новата ерес за последните маки што настана врз старите погрешни учења на јереј Ориген, Евгариј и Дидим. Еретиците го засноваа своето учење на зборовите: „Господ е штедар и милостив и не се гневи до крај“ (Пс. 102,9), но ги забораваа Христовите евангелски зборови: „И овие ќе одат во вечна мака, а праведниците во вечен живот“ (Мт. гл. 25). Зборовите од псалмата дека Господ не се гневи докрај се однесуваат на овој живот, како што се и зборовите на седмата псалма: „Бог е праведен судија, и силен и долготрпелив и не се гневи секој ден“. Но тоа што следи потоа мора да нѐ загрижи: Но ако не се покаете, Тој ќе го очисти своето оружје, ќе го затегне својот лак и ќе го насочи, и ја затега смртната стрела, а стрелите свои ги вжарува”. Ориген, исто така, говорел дека нема да воскресне нашата плот, бидејќи душите преминуваат од тело во тело и многу други темнохулни работи што овој Собор ги отфрли.
 
{{Никулец од областа на религијата}}
{{Вселенски Собори}}