Втор вселенски собор: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 19:
== Карактер и цели ==
 
На овој собор бил потврден Никејскиот [[СимволСимбол на верата]], како и [[свети Григориј Богослов]] како единствен вистински [[Патријарх на Константинопол]], наспроти обидите на другата страна на незаконски начин да го постават нивниот кандидат, [[Максим Киник]].
 
Исто така, биле осудени следните еретици и нивните следбеници: евномијанците (по [[Евномиј Кизички]]), савелијанци (по Савелиј), фотиновци (по Фотин, Епископ Сирмјумски), аполинариевци (по Аполинариј Лаодикиски), маркелијанци (по Маркел Анкирски), а пред сите нив, осудени се духоборците (пневматомахи) или трпици, кои уште се наречени и македонијани, по [[Македониј I Константинополски |епископот Македониј]], нивниот духовен отец. Духоборците во завршните соборски списи се нарекуваат и полуаријанци; на самиот Собор биле присутни дури 36 епископи [[македонијани]], предводени од [[Елевсиј Кизички]]. Тие признавале дека [[Исус Христос|Синот Божји]] е единосуштен на [[Бог Отец|Отецот]], но не исповедале дека [[Светиот Дух]], Третата [[Ипостас]] на [[Света Троица]] е вистински Бог. Напротив, хулеле и сметале дека «''Светиот Дух е створен, и дека не е достоен за божествено почитување и поклонување''» Поради тоа што не се покајале, биле осудени и го напуштиле соборот.
Ред 27:
Со соборот на почеток претседавал [[свети Мелетиј Антиохиски]] кој се упокоил додека соборот траел. На тој начин, Антиохиската катедра останала испразнета, додека истовремено бил актуелен антиохискиот раскол со кој овој Собор исто така се занимавал. И покрај контроверзите околу изборот на Павлин зе епископ, за наследник на [[Мелетиј]] бил избран презвитерот [[Флавијан Константинополски]]. Во текот на Соборот, свети Григориј тешко ги прифатил критиките упатени поради наводното незаконско поставување на Цариградската Катедра, и тој се повлекол во местото [[Аријанз]], каде и останал сѐ до упокојувањето во [[390]] година.
 
За Патријарх бил избран градоначалникот [[Несториј Константинополски|Нектариј]], кој и претседавал со соборот наместо упокоениот Мелетиј. На овој собор се дополнил [[СимволСимбол на верата|СимволотСимболот на верата]], добивајќи ја конечната верзија која до ден денес во неизменет облик се користи во Православната Црква. Најважно догматско дело на овој Собор е учењето за Бога Светиот Дух, содржано во осмиот член на СимволотСимболот. Покрај овој член, биле дефинирани уште три други со кои се исповеда верата во црквата, Крштението, [[Воскресение]]то на мртвите и вечниот живот.
 
Светите Отци на Вториот вселенски собор, без употреба на зборот „''единосуштен''“, потврдиле дека Светиот Дух е „''''сопоклонуван и сославуван заедно со Отецот и Синот''.''“ Аполинаријанството е отфрлено со додавањето на: „''''од Светиот Дух и Марија Дева''''“ во членот за раѓањето на Синот Божји.