Втор вселенски собор: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Вториот Вселенски собор''' ([[грчки]]: ''Η Β΄ Οικουμενική Σύνοδος''; ''Πρώτη Σύνοδος της Κωνσταντινούπολης'' - Прв Константинополски Собор) е вселенски собор одржан во [[Константинопол]] од [[мај]] до [[9 јуни]] [[381]] година. Соборот бил свикан од страна на императорот [[Теодосиј I Велики]] ([[379]]-[[395]]), православен император со шпанско потекло, со цел да се стави крај на [[Аријанство|аријанскиот спор]] кој продолжил и по [[Прв вселенски собор|Првиот вселенски собор]] во [[Никеја]]. На продолжување на аријанската контроверза придонело и прогонството на [[свети Атанасиј Велики]], како и поддршката која аријанците ја добивале од страна на наследниците на [[Константин Велики]] - [[Констанциј II]], [[Констанца]] и [[Валенс]].
 
== Историски околности ==
 
[[Свети Григориј Богослов]] бил архиепископ Цариградски во 379 година. Во тоа време, во Цариград сеуште биле присутни голем број на еретици - аријанци, поради што свети Григориј вршел богослужби во обична куќа, која подоцна е наречена анастасија (Воскресение) затоа што преку неа навистина воскреснало Православието. На соборот во Цариград биле присутни околу 150 (сто и педесет) [[Епископ]]и.
 
== Карактер и цели ==
 
На овој Собор потврден е Никејскиот [[Символ на верата]], како и свети Григориј Богослов како единствен вистински Архиепископ Цариградски, наспроти обидите на другата страна на незаконски начин да го постават нивниот кандидат, [[Максим Киник]].
 
Исто така, осудени се следните еретици и нивните следбеници: евномијанците (по Евномиј Кизички), савелијанци (по Савелиј), фотиновци (по Фотин, Епископ Сирмјумски), аполинариевци (по Аполинариј Лаодикиски), маркелијанци (по Маркел Анкирски), а пред сите нив, осудени се духоборците (пневматомахи) или трпици, кои уште се наречени и македонијани, по Епископот Македониј, нивниот духовен отец. Духоборците во завршните соборски списи се нарекуваат и полуаријанци; на самиот Собор биле присутни дури 36 Епископи македонијани, предводени од Елевсиј Кизички. Тие признавале дека [[Господ Исус Христос|Синот Божји]] е единосуштен на [[Бог Отец|Отецот]], но не исповедале дека [[Светиот Дух]], Третата [[Ипостас]] на [[Света Троица]] е вистински Бог. Напротив, хулеле и сметале дека «Светиот Дух е створен, и дека не е достоен за божествено почитување и поклонување» Поради тоа што не се покајале, биле осудени и го напуштиле Соборот.
 
== Тек и одлуки ==
 
Со Соборот на почеток претседавал [[свети Мелетиј Антиохиски]] кој се упокоил додека Соборот траел. На тој начин, Антиохиската катедра останала испразнета, додека истовремено бил актуелен антиохискиот раскол со кој овој Собор исто така се занимавал. И покрај контроверзите околу изборот на Павлин зе Епископ, за наследник на Мелетиј бил избран презвитерот Флавијан. Во текот на Соборот, свети Григориј тешко ги прифатил критиките упатени поради наводното незаконско поставување на Цариградската Катедра, и тој се повлекол во местото Аријанз, каде и останал сѐ до упокојувањето во 390 година.
 
За Архиепископ Цариградски бил избран градоначалникот Нектариј, кој и претседавал со Соборот наместо упокоениот Мелетиј. На овој Собор се дополнил Символот на верата, добивајќи ја конечната верзија која до ден денес во неизменет облик се користи во Православната Црква. Најважно догматско дело на овој Собор е учењето за Бога Светиот Дух, содржано во осмиот член на Символот. Покрај овој член, дефинирани се уште 3 други со кои се исповеда верата во Црквата, Крштението, [[Воскресение]]то на мртвите и вечниот живот.
 
Светите Отци на Вториот вселенски собор, без употреба на зборот „единосуштен“, потврдуваат дека Светиот Дух е „''сопоклонуван и сославуван заедно со Отецот и Синот.''“ Аполинаријанството е отфрлено со додавањето на: „''од Светиот Дух и Марија Дева''“ во членот за раѓањето на Синот Божји.
 
Донесени се и седум [[канон]]и, кои ги регулираат правата на Епископите, првенството по чест, како и примањето на еретиците назад во Црквата.
 
{{Вселенски Собори}}