OSI-модел: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с Отстрането уредувањето на Bosko Geroski (разговор), вратено на последната верзија на Xqbot
Ред 1:
{{Без извори|датум=октомври 2009}}
'''ОСИ Модел'''
{{Внимание}}
[[Телекомуникациски мрежи|Телекомуникациските мрежи]] се класифицираат во различни категории во зависност од географската распространетост, намената и имплементацијата. Секоја специфицирана мрежа има усвоена архитектура и протоколна организација.

Под '''телекомуникациска мрежа''' подразбираме множество од [[терминали]] (на пример, компјутери) и комутациски елементи или рутери поврзани меѓу себе. Начинот на поврзување на елементите на мрежата ја одредува нејзината топологија, која што може да биде прстен, ѕвезда, или да има глобална топологија (како што е Интернет, кој претставува множество од мрежи на локално или регионално ниво).

За полесно градење на софтверот за комуникација меѓу процесите кои се наоѓаат на иста или на различни машини се увидело дека е потребна поделба и групирање на задачите кои треба да се извршат, во нивоа со точно дефинирани интерфејси меѓу нив. Притоа, при креирањето на архитектурата за комуникација меѓу процесите било потребно таа да не биде ограничена на одреден систем туку да може да се применува глобално. Како стандард е прифатен т.н. OSI (Open System for Interconnection) модел, кој содржи седум нивоа:

* [[Апликациско ниво]] ([[application layer]])

* [[Презентациско ниво]] ([[presentation layer]])

* [[Сесиско ниво]] ([[session layer]])

* [[Транспортно ниво]] ([[transport layer]])

* [[Мрежно ниво]] ([[network layer]])

* [[Податочно ниво]] ([[data layer]])

* [[Физичко ниво]] ([[physical layer]])

Меѓутоа, мрежната архитектура за комуникација која ги користи [[TCP/IP]] и [[UDP]] протоколите се состои од 5 нивоа, при што OSI нивоата од 5 до 7 се обединети во едно ниво, апликациско ниво. Мрежното ниво е IP, а на транспортното ниво најмногу се користат TCP и UDP протоколите.

Интернет протоколниот стек се состои од низа на комуникациски протоколи од кои двата најпознати се TCP (Transmission Control Protocol) и [[IP]] ([[Internet Protocol]]). Во оваа низа на протоколи не се вклучени само TCP и IP, како протоколи од долните нивоа од OSI референтниот модел, туку и бројни протоколи од повисоките нивоа како што се [[SMTP]] (Simple Mail Transport Protocol), [[SNMP]] (Simple Network Manage Protocol), [[FTP]] (File Transfer Protocol), [[Telnet]] (Terminal emulation protocol) и сервисни протоколи за контрола на дитрибуирани податотеки како што се [[RPC]] (Remote Procedure Call), [[XDR]] (External Data Representation) и [[NFS]] (Network File System). Во групата на протоколи од четвртото-транспортно ниво според OSI референтниот модел е вклучен и UDP (User Datagram Protocol), чија примена е ограничена на апликации кај кои контролата на протокот и контролата на грешка се препуштени на протоколи од повисоките нивоа, или кај апликации кај кои горните параметри не влијаат на преносот.

Овде е добро да направиме еден преглед на елементи ([[јазли]]) кои можат да се најдат во Интернет, и да видиме кои протоколи (од кои OSI нивоа) е неопходно да ги има секој од нив. Елементите кои можат да постојат во Интернет мрежата можат да бидат:

* '''[[Хост|Хостови]] (hosts)''', компјутери кои содржат апликации кои се активни на мрежата.

* '''[[Рипитер]]''', мрежен уред кој се користи за регенерирање како на аналогни така и на дигитални сигнали кои при преносот претрпеле слабеење. Овој уред не носи интелигентна одлука при проследувањето на пакетите како рутерот или мостот. Функционира на прво ниво.

* '''[[Hub]]''' ги концентрира врските. Со него се овозможува група од хостови мрежата да ги гледа како единствена единица. Најчесто се пасивни уреди без друг ефект при преносот на податоците. Постојат и активни Hub-ови кои покрај концентрирањето на хостовите вршат и регенерирање на сигналите. Функционира на прво ниво.

* '''Мостови (bridges)''', вршат конвертирање на мрежните податочни форми како и управување со трансмисијата. Овозможуваат комуникација меѓу локални мрежи (Local Area Networks – LAN). Вршат проверка на податоците дали треба да поминат низ мостот или не. Со нив се овозможува поголема функционалност на секој дел од мрежата. Функционираат на второ ниво по OSI. За проследувањето на податоците ги користат МАС адресите.

* '''[[Комутатор]] (switch)''', мрежен уред за кој може да се каже дека претставува повеќе портен мост кој функционира побрзо. Постојат три мода на проследување на податоците низ Switch-от со кои се постигнува или подобра латентност или подобра доверливост. Најчесто функционираат на второ ниво но има и такви кои имаат улога на рутери и функционираат на трето ниво.

* ''' [[Рутер|Рутери]] (routers)''', компјутери кои содржат активни апликации за рутирање на пакетите во мрежата зависно од нивната дестинација. За рутирањето на податоците ја користат логичката адреса. Функционираат на трето ниво.

За да можат мрежните елементи (хостови, рутери) да комуницираат меѓусебе потребно е да постојат одредени правила. Токму тие правила се нарекуваат протоколи. Протоколите (TCP, UDP, IP и други) го одредуваат форматот и редоследот на пораките кои се разменуваат, како и акциите кои се преземаат при примањето на пораките.

Значи една телекомуникациска мрежа (како што е [[Интернет]]) се состои од географски дистрибуирани хардверски и софтверски компоненти. При комуникација на машините преку мрежи логичката комуникација на процесите од одредено ниво на едната машина е со процесите (ентитети) од истото ниво во мрежниот модел на другата машина.

Податоците се сместуваат во пакети од страна на апликацијата и се упатуваат кон подолните нивоа (транспортно, мрежно ниво) кои им додаваат соодветни заглавја, а при примањето се отстрануваат заглавјата на пакетите од страна на истите нивоа на приемната страна.

Можеме да заклучиме дека било кој комуникациски систем кој е способен да пренесува пакети се разгледува како единечна мрежа, независно од доцнењето, пропусноста, максималната големина на пакетите или географската распространетост.

Постојат: [[LAN]](Local Area Network), [[MAN]] (Metropolitan Area Network), [[WAN]] (Wide Area Network), радио и сателитски мрежи, како и мрежи со специјална намена.

Интернет претставува колекција од различни видови на мрежи со различни мрежни архитектури кои се меѓисебно поврзани. Фунционирањето на Интернетот укажува дека интерконектираните мрежни системи прифаќаат соодветни протоколи кои овозможуваат сите компјутери кои се приклучени на оваа мрежа меѓусебно да комуницираат.

Меѓуповрзувањето на мрежите со цел да се создаде Интернет мрежа се врши со компјутери наречени IP рутери, кои се приклучуваат меѓу две или повеќе одделни мрежи за да ги поврзат. Секој од овие уреди мора да знае како да изврши проследување на пакетите кои пристигнуваат до нив до дестинацијата на истите. Проследувањето на пакетите го врши Интернет протоколот, кој е сржта на Интернет.

'''Секој Интернет хост и рутер мора да го има имплементирано Интернет протоколот (IP – Internet protocol) на мрежно ниво.'''

Бидејќи станува збор за голем број на терминали кои припаѓаат на различни мрежи, мрежните јазли како што се рутерите и хостовите проследувањето на пакетите го вршат врз база соодветната мрежна адреса (не корисничка адреса како што е случајот кај класичната телефонија). Вметнувањето на мрежните адреси и нивната анализа е задача токму на IP протоколот, заради што и самите мрежни адреси во Интернет се нарекуваат IP адреси.

'''Секој физички (хардверски) приклучок на Интернет мора да иам посебна IP адреса. Доколку даден мрежен јазол (хост, рутер) има повеќе хардверски приклучоци на Интернет, секој од нив мора да има посебна IP адреса.'''

Секоја мрежа приклучена на Интернет е уникатна и самостојна. Може да функционира нормално со и без да биде приклучена на друга мрежа. Поврзувањето на дадена мрежа (во која е имплементиран IP протоколот во хостовите и рутерите) со друга мрежа или повеќе други мрежи со уреди наречени портни рутери ([[gateways]]), се нарекува [[internetworking]] т.е. меѓумрежно поврзување.

Рутерите се во функција на меѓумрежното поврзување. Интернет мрежата не е подложна на централизирана контрола, што овозможува таа да биде флексибилна кон додавање на нови јазли и поврзување со нови мрежи, и истовремено да се поддржуваат различните постоечки и нови апликации (сервиси).

(ОСИ Моделот) е производ на напорот на Отворениот Систем за Интерконекција од Интернационалната Организација за Стандардизација.Тоа е начин на поделба на под-комуникацискиот систем на помали делови наречени слоеви.Слоевите се збирка на концептуално слични функции кои обезбедуваат услуги за слојот над него, и добиваат услуги од слојот под него.Секој слој на пример обезбедува услуги во случајот на слојот над и бара услуги од слојот под.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/OSI-модел