Во ле Виконт: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 1:
[[Слика:Vo-le-vikomt.jpg|thumb|right|250px|Фронтален поглед на Во-ле-Викомт]]
[[Image:Le chateau de Vaux le Vicomte.jpg|thumb|right|250px|Кос поглед на дворецот]]
'''Во-ле-Викомт''' ([[фр.]] ''Château de Vaux-le-Vicomte'') е [[француска барокна архитектура|француски барокен]] [[дворец]] (''[[шато]]'') во [[Менси]], близу [[Мелун]], 55 km југоисточно од [[Париз]] во ''[[француски департмани|департманот]]'' [[Сена и Марна]], [[Франција]]. Бил изграден во периодот од [[1658]] до [[1661]] за [[Никола Фуке]], Маркиз од Бел-Ил-на-Море, Виконт од Мелун и Во, финансов управник (министер) на кралот [[Луј XIV]].
 
Во-ле-Викомт на многу начини е највлијателното дело во [[Европа]] во средината на [[XVII век]], најпрефинетата куќа во Франција изградена по [[Мезонски дворец|Мезонскиот дворец]]. Тука заедно со архитектот [[Луј Ле Во]], [[пејзажна архитерктура|пејзажниот архитект]] [[Андре Ле Нотр]] и сликарот-декоратор [[Шарл Ле Брун]] за прв пат работеле заедно на голем проект. Нивната соработка го ознаува почетокот на еден нов поредок: величенствениот манир на „стилот Луј XIV“ во кој спаѓаат системи на заедничка работа, кои можеле да се применат на градбата, нејзините ентериери и уметнички дела и на создавањето на цел [[пејзаж]]. Овој дворец е еден од најдобрите градби во Европа од ова време.