Во ле Виконт: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 5:
Во-ле-Викомт на многу начини е највлијателното дело во [[Европа]] во средината на [[XVII век]], најпрефинетата куќа во Франција изградена по [[Мезонски дворец|Мезонскиот дворец]]. Тука заедно со архитектот [[Луј Ле Во]], [[пејзажна архитерктура|пејзажниот архитект]] [[Андре Ле Нотр]] и сликарот-декоратор [[Шарл Ле Брун]] за прв пат работеле заедно на голем проект. Нивната соработка го ознаува почетокот на еден нов поредок: величенствениот манир на „стилот Луј XIV“ во кој спаѓаат системи на заедничка работа, кои можеле да се применат на градбата, нејзините ентериери и уметнички дела и на создавањето на цел [[пејзаж]]. Овој дворец е еден од најдобрите градби во Европа од ова време.
 
[[Француска градина|Градина]]та на Ле Нотр била доминантниот елемент на големиот комплекс. Дворецот се издигна на подигната платформа, отворена во средината на шумите,<ref>Овој ефект е позабележлив денес, со веќе зрелите шуми, отколку во [[XVII век]]; местото пред тоа било обработлива површина, и насадите биле груби и нови.</ref> и ја одбележува границата помеѓу нееднаквите протори, третирани на различен начин. Самиот плац, за разлика од оној на Версај, бил природно добро наводнет, со две рекички кои се среќаваат во паркот; една од овие била канализирана, па така настанал Големиот канал.
 
==Историја==