:''Ова е статија за античката област. За денешниот регион видете [[Меглен]]''
'''Алмопија''' (''{{lang-grc|Ἀλμωπία''}}) била античка област во [[Горна Македонија]], која ја опфаќала малата долина по горниот тек на реката [[Могленица|Лудија]] (ден. Могленица), меѓу областите [[Еордаја]] и [[Пелагонија]]. [[Антички Македонсци|Македонците]] ја освоиле (сп. Тукидид) спуштајќи се од [[Горна Македонија]] во [[Ботиаја]] и [[Пиерија]].<ref>''Thucydides, 4 vols., Harvard Univessity Press, 1958''</ref> Била густо населена уште во антиката. Птолемај споменува три града: [[Алмопа]], [[Хорма]] и [[Апсал]]. Областа денес е позната како Могленска Долина или [[Меглен]], опколена со планините [[Ниџе]] и [[Пајак (планина)|Пајак]].
<ref>''Ф. Папазоглу, Македонски градови у римско доба, Скопје, 1957''</ref>