Историја на христијанството: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 217:
{{main|Протестантска реформација}}
{{seealso|Протестантство}}
[[Податотека:Reformation.gif|thumb|250px|десно|Реформацијата и Противреформацијата во Европа. Протестантските земји се обоени со сина, католичките со маслинеста боја.]]
 
Во почетокот на [[16 век]], се создало движење против католичката црква коешто го започнал германскиот свештеник [[Мартин Лутер]] и [[Улрих Цвингли]] во [[1517]] година. Лутер се противел на политиката на [[папа|папата]] на продавање проштални писма за гревовите, наречени индулгенции, како и на некои теолошки сфаќања на [[Римокатоличка црква|католичката црква]]. Повод за почеток на борбата за реформа на [[Римокатоличка црква|католичката црква]] било повторното продавање на индулгенции, наводно за прибирање средства за доградба на [[Базилика Свети Петар|Базиликата Свети Петар]] во [[Рим]]. Во [[1517]] година на вратата на Витембершката црква ги истакнал своите "95 тези", според кои тој барал [[Евангелие|Евангелието]] да биде основен извор на христијанската вера, црквата да биде скромна, да нема многу празници, црковните обреди да се изведуваат на народен јазик, а не на [[латински]] (ја превел [[Библија|Библијата]]), свештениците да се свртат кон народот а не кон трупање на богатсво, и да им се даде право на женидба. Движењето било наречено "Лутеранство", според неговото име. За истапувањето на Лутер против Католичката црква и против папата се расчуло низ цела [[Германија]] и тој стекнал многу приврзаници од сите слоеви на населението. Но за неговото истапување разбрал и Римскиот Папа и веднаш јавно го осудил неговото учење како [[Ерес]] и побарал Лутер да се откаже од 95-те тези.