Историја на христијанството: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 135:
===== Македонија =====
{{main|Христијанство во Македонија}}
{{main|Македонска Православна Црква}}
 
Христијанството во [[Македонија]], па и пошироко на [[Балкан|Балканот]], прв го проповеда и шири [[апостол Павле]] при своите мисионерски патувања, за што сведочат и „''Делата Апостолски''“. На тие негови патувања го придружуваат и [[Апостол Лука (Евангелист)|Лука]], Тимотеј, Сила и Тихик кои и самите независно од [[апостол Павле]] работат на христијанизација на овие простори.
[[Податотека:Cyril Metodej.jpg|thumb|left|Споменик на Свети Кирил и Методиј во Чешка]]
 
Во [[800]] година [[Западна Европа]] била скоро целосно христијанизирана. Во [[Источна Европа]] се оставило место за мисионерска дејност. Така, најпознати мисионери се браќата [[Св. Кирил и Методиј|Кирил и Методиј]] кои успешно го расшириле христијанството сред [[словени|словенските народи]]. Една од најголемите заслуги е и создавањето на [[Глаголица|Глаголицата]] и преводот на [[Библија|Библијата]] на словенски јазик. На повик од царот Ростислав отишле во [[Моравија]] и таму ја распространле и ја утврдиле православната вера, умножувајќи голем дел од книгите. Подоцна на повик од папата заминале за [[Рим]], каде што Кирил починал. Тогаш Методиј се вратил на Балканските простори каде веќе привршувало христијанизирањето на [[срби|србите]], [[македонци|македонците]]. Мисијата на Св. Кирил и Методиј била продолжена од страна на нивните ученици [[Свети Климент Охридски]] и [[Свети Наум Охридски Чудотворец]]. Градот [[Охрид]] бил претворен во еден од најголемите религиозни центри на [[Балкан|Балканот]].