Имунологија: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Kostova (разговор | придонеси)
Kostova (разговор | придонеси)
Нема опис на уредувањето
Ред 15:
==Развојна имунологија==
Способност на телото да реагира на антигените зависи од возраста на личноста, видот на антигенот, мајчинските фактори и областа каде што антигенот е претставен. Се вели дека [[новороденчиња|новороденчињата ]] се во состојба на физиолошки недостаток на имунитет, бидејќи како нивните вродени, така и нивните стекнати имунолошки реакции се многу поттиснати. Откако ќе се роди, имунолошкиот систем на детето реагира во полза на протеинските антигени, но не и во полза на гликопротеините и полисахаридите. Всушност, голем број од инфекциите кај новороденчињата се предизвикани од ниско вирулентни организми како што се [[стафилококи|стафилококите]] и [[псеудономи|псеудономите]]. На пример, основното ниво на C3 кај новороденче е околу 65 % од нивото на возрасните. Активноста на фагоцитите кај новороденчињата исто така е нарушена. Иако вкупниот број на лимфоцитите е значително поголем отколку кај возрасните, клеточниот и хуморалниот имунитет исто така е оштетен.
==Имунотерапија==
===основна тема:[[имунотерапија]]===
Користењето на составните делови на имунолошкиот систем за лечење на болести или нарушувања е познато како имунотерапија. Имунотерапијата најчесто е употребувана во случај на [[рак]], заедно со [[хемотерапија (дрога)]] и [[радиотерапија (зрачење)]]. Сепак, имунотерапијата исто така често е употребувана при нарушување на имунитетот (како што се [[ ХИВ]] пациентите)и луѓе кои страдаат од други недостатоци на имунитет или автоимунолошки болести.
[[Категорија:Имунологија| ]]