Класична механика: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Основни поими во класичната механика
Основни закони во класичната механика
Ред 42:
** Ако [[Работа (механика)|работата на силата]] не зависи од видот на [[траекторија]]та по која се движело телото, а е одредена само од почетната и крајната положба, тогаш таквата сила се нарекува потенцијална. Заемодејството кое произлегува со посредството на потенцијалните сили, може да биде опишано преку [[Потенцијална енергија|потенцијалната енергија]]. По дефиниција, потенцијалната енергија е функција од координатата на телото <math>U(\vec r)</math>, така што силата која дејствува на телото е еднаква на [[градиент]]от од оваа функција, земено со спротивен знак:
**: <math>\vec F = - \nabla U(\vec r)</math>
 
== Основни закони ==
 
=== Принцип на релативност на Галилеј ===
{{main|Принцип на релативност}}
Основен принцип на кој се основа класичната механика е принципот на релативноста, формулиран врз основа на емпириските набљудувања на [[Галилео Галилеј]]. Според овој принцип, постојат бесконечно многу референтни системи во кои слободното тело мирува или се движи со постојана по модул и насока брзина. Овие референтни системи се нарекуваат инерцијални и се движат рамномерно и праволиниски еден во однос на друг. Во сите инерцијални референтни системи, својствата на просторот и времето се еднакви и сите процеси во [[Механички систем|механичките системи]] подлежат на истите закони. Овој принцип може да се дефинира како отсуство на апсолутни референтни системи, односно референтни системи одделени на било каков начин еден во однос на друг.
 
=== Њутнови закони ===
{{main|Њутнови закони}}
Како основа на класичната механика се земаат трите Њутнови закони.
 
[[Прв Њутнов закон|Првиот Њутнов закон]] го востановува постоењето на инерцијални својства кај материјалните тела и постулира постоење на такви референтни системи во кои движењето на слободното тело се одвива со постојана (константна) брзина (ваквите референтни системи се нарекуваат инерцијални).
 
[[Втор Њутнов закон|Вториот Њутнов закон]] го воведува поимот „сила“ како мерка за заемодејствата меѓу телата и врз основа на емпириски факти ја постулира врската меѓу големината на силата, забрзувањето на телото и неговата инертност (карактеристична маса). Математички, Вториот Њутнов закон најчесто се запишува на следниот начин:
: <math>m\vec a = \vec F</math>
каде <math>\vec F</math> — резултирачкиот вектор на силата што дејствува на телото; <math>\vec a</math> — вектор на забрзување на телото; ''m'' — масата на телото.
 
Вториот Њутнов закон може исто така да биде запишан во термините на промена на импулсот на телото <math>\vec p</math>:
: <math>\frac{d\vec p}{dt} = \vec F</math>
Во ваква форма, законот е применлив и за тела со променлива маса, а исто така и во релативистичката механика.
 
Вториот Њутнов закон не може целосно да се примени за опишување на движењата на честиците. Тука треба дополнително опишување на силите <math>\vec{F}</math>, добиено од набљудувањето на природата на физичкото заемодејство во кое учествува телото.
 
[[Трет Њутнов закон|Третиот Њутнов закон]] утврдува неколку својства на поимот „сила“ воведен во вториот закон. Тој вели дека за секоја сила која потекнува од второто тело и дејствува на првото тело постои еднаква по големина и спротивна по насока сила која потекнува од првото тело и дејствува на второто. Постоењето на Третиот Њутнов закон го осигурува исполнувањето на законот за запазување на импулсот за систем од тела.
 
=== Закон за запазување на импулсот ===
{{main|Закон за запазување на импулсот}}
Законот за запазување на импулсот се јавува како последица на Њутновите закони за [[затворен систем|затворени системи]], односно системи на кои не дејствуваат надворешни сили. Гледано од пофундаментална гледна точка, законот за запазување на импулсот се јавува како последица од еднородноста на просторот.
 
=== Закон за запазување на енергијата ===
{{main|Закон за запазување на енергијата}}
Законот за запазување на енергијата се јавува како последица на Њутновите закони за затворени конзервативни системи, односно системи во кои дејствуваат само [[Конзервативна сила (физика)|конзервативните сили]]. Од пофундаментална гледна точка, законот за запазување на енергијата се јавува како последица од еднородноста на времето.
 
[[Категорија:Класична механика]]