Президиум на АСНОМ: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот: козметички промени
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
{{Мак-никулец}}
 
'''Президиумот на АСНОМ''' е раководен орган на [[АСНОМ]] со извршни и законодавни ингеренции. Своите законодавни ингеренции ги извршува во периодите помеѓу пленарните заседанија на АСНОМ, а извршните ингеренции - самостојно. Избран е на Првото заседание на АСНОМ на [[2 август]] [[1944]] година, а егзистира до Третото заседание на АСНОМ од април [[1945]] година, кога се реконституира како [[Президиум на Народното Собрание на Македонија]]. Прв претседател на Президиумот на АСНОМ е [[Методија Андонов - Ченто]].
 
Ред 29 ⟶ 27:
* [[Лилјана Чаловска]]
 
За поефикасно вршење на извршните ингеренции, во рамките на Президиумот на АСНОМ се конституираат поверенства. За повереници се назначени: Брашнаров (за информации), Петрушев (за внатрешни работи), Поп Андонов (за просвета), Фотев (за финансии), Гигов (за сообраќај и врски), Петровски (за социјална политика) и Пирузе (за судство).
 
== Второто заседание на АСНОМ и Работното тело на Президиумот на АСНОМ ==
На почетокот на јануари 1945 година под изговор дека Президиумот е „многу крупен и непродуктивен“, се формира [[Работно тело на Президиумот на АСНОМ|Работното тело на Президиумот на АСНОМ]] на чело со [[Лазар Колишевски]]. Ченто, иако претседател на Президиумот на АСНОМ, не е член на Работното тело.
 
На Второто заседание на АСНОМ, одржано од [[28 декември|28]] до [[30 декември]] [[1944]] година, бројот на членови на Президиумот е зголемен од 17 на 33. Ченто останува претседател, додека [[Лазар Колишевски]] е избран за прв потпретседател, а [[Неџат Аголи]] за втор потпретседател. [[Борис Спиров]] е избран за прв секретар, а [[Епоминонда поп Андонов]] за втор секретар.
 
На почетокот на јануари 1945 година под изговор дека Президиумот е „многу крупен и непродуктивен“, се формира [[Работно тело на Президиумот на АСНОМ|Работното тело на Президиумот на АСНОМ]] на чело со [[Лазар Колишевски]]. Ченто, иако претседател на Президиумот на АСНОМ, не е член на Работното тело. Вакво тело не постоело ниту во федерацијата, ниту во другите републики.
 
== Третото заседание на АСНОМ ==
 
На Третото заседание на АСНОМ, одржано од [[14 април|14]] до [[16 април]] [[1945]] година е донесен Законот за изменување и дополнување на Решението за конституирање на АСНОМ како врховен законодавен и извршен орган на државната власт на Демократска Македонија, со кој се менува местото и улогата на Президиумот во системот на власта на Федерална Македонија. Врз основа на овој закон, Президиумот, преименуван во Президиум на Народното Собрание на Македонија, продолжува да ја врши законодавната функција помеѓу заседанијата на Собранието, но извршната функција е пренесена на новоформираната влада на чело со Лазар Колишевски. При тој процес се укинати и поверенствата во состав на Президиумот.
Ред 52 ⟶ 56:
 
Во однос на првиот состав на Президиумот на АСНОМ, во составот на Президиумот на Народното Собрание на Македонија се само: Ченто, Брашнаров, Петровски и Узуновски.
 
== Литература ==
* Вера Весковиќ-Вангели, Владо Иваноски (уредници) „Президиум на АСНОМ: записници“, Институт за национална историја, Скопје, 1994.
* Билјана Поповска „Президиумот на АСНОМ во изградбата на системот на власта и во обновата и развојот на стопанството на Демократска Федерална Македонија“, „Матица македонска“, Скопје, 2002.
 
[[Категорија:АСНОМ]]