Етники етерија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 130:
{{Главна|Грчко-турска војна}}
 
Големите сили го направиле последниот обид за избегнување на војната и затоа тие на [[2 март]] [[1897]] година се произнеселе за полна политичка автономија на [[Крит]] меѓутоа требало да се запази суверенитетот на турскиот султан но војната била неизбежна.

Грчката војска под команда на полковникот Васос го објавиле во името на грчкиот крал, присоединувањето на [[Крит]] кон [[Грција]] <ref name="TV"><small>''Трайкова, В. Етники етерия..., с. 162–168''</small></ref>.

Повод за започнувањето на војната е навлегувањето на четите на Етрија на османска територија, а според бугарскиот дипломатски преставник тие навлегле во согласност и содејство на грчката влада.

Овие чети во почетокот успеваат да напредуваат но при средбата на редовната турска армија се принудени да се повлечат. Таквите судири кои започнале на [[16 април]] постепено се претвориле во воени дејствија.

Грчката армија била поделена на два дела, во [[Тесалија]] под команда на грчкиот престолонаследник Константин и [[Епир]] под команда на генералот Манос. Освен редовната армија во воените дејствија учествувале и четите на Етники етерија со јачина од околу 6.000 души, грчки доброволци од околу 9.000 души кој не успеале да стигнат на бојното поле, а имало и доброволци од странство околу 3.000 гарибалдици, Англичани и Французи. Меѓутоа, грчката армија не била подготвена за оваа војна и [[Грција]] била поразена по што бил потпишан мировен договор на 04.12.1897 година. По неуспешната војна новиот грчки премиер Теотокис ја растурил ''Етники етерија''.
 
Освен редовната армија во воените дејствија учествувале и четите на Етники етерија со јачина од околу 6.000 души, грчки доброволци од околу 9.000 души кој не успеале да стигнат на бојното поле, а имало и доброволци од странство околу 3.000 гарибалдици, Англичани и Французи.
 
Меѓутоа, грчката армија не била подготвена за оваа војна и [[Грција]] била поразена по што бил потпишан мировен договор на 04.12.1897 година. По неуспешната војна новиот грчки премиер Теотокис ја растурил ''Етники етерија''.
 
== Значење ==