Свјатослав Рихтер: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Simata (разговор | придонеси)
Нова страница: '''Свјатослав Теофилович Рихтер''' (руски:Святосла́в Теофи́лович Ри́хтер), роден на 20 Март (7 М...
 
Simata (разговор | придонеси)
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Свјатослав Теофилович Рихтер''' (руски:Святосла́в Теофи́лович Ри́хтер), роден на [[20 Март]] (7 Март стар стил) [[1915]] - [[1 Август]] [[1997]], еден од најголемите пијанисти на XX век, можеби и на сите времиња, титула која ја добива поради длабочината на своите интерпретации, виртуозната техника и обемноста на репертоарот.
 
 
==Биографија==
Роден е 1915 година во Житомир, Украина, во семејство со германско потекло. Неговиот татко бил почитуван пијанист и учител. Од него ги добива првите музички часови; но во голема мера тој е самоук. Свири пијано со зачудувачка техника веќе на 8 години. Малку подоцна, семејството се преселува во [[Одеса]], каде тој се запишува на тамошниот конзерваториум. Во своите младешки години, се приврзува кон диригирањето и на неверојатните 15 години тој е примен како диригент во Операта и Балетот на Одеса, место кое го држи 4 години. Првиот рецитал на пијано го дава на 19 години исто така во Одеса, во салата на инжинерскиот дом. Препознавајќи извонреден талент, неговите претпоставени го убедуваат да појде во Москва и да учи пијано кај тогашниот најдобар професор во Русија, [[Хајнрих Нојхаус]]. Послушувајќи ги советите, на 22 години се запишува на Московскиот Конзерваториум, каде работи и ги завршува студиите кај големиот Нојхаус, кој подоцна, за својот ученик, ќе напише: „Морам да признаам дека немав повеќе што да го научам!“.