Персефона (митологија): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
Персефона во грчката митологија е ќерка на [[Деметра]], божица на земјоделието и на новиот живот.
 
Според легендата, Деметра на Зевс му родила ќерка, Персефона. Персефона била многу убава девојка, и таа била посакувана од страна на неколку богови и смртници. Најпознати од тие биле Аполон и Посејдон, но нејзината мајка сметала дека таа е сеуште млада за да се омажи, па затоа ја испратила во Сицилија. Според митот, кога таа си играла на ливадата со нимфите земјата одеднаш се отворила и се појавил богот Хад, кој ја присвоил за себе. Хад бил многу вљубен во неа, и не сакал да ја пушти од подземниот свет. За тоа време Демитра го слушнала плачот на својата ќерка и побрзала да ја извлече од оваа ситуација, но во тоа не успеала. Деметра лутала низ светот девет дена без храна и вода, сè додека Хелиј не ѝ открил што се случило со нејзината ќерка. Несреќната мајка отишла на планината Олимп и побарала помош од Зевс.
Враќањето на Персефона
 
За ова време, Хад се оженил со Персефона. Деметра за тоа време се вратила во својот храм во Елевзина, и на светот настапила голема неплодност на плодовите кое довело и до голема катастрофа како за лугето така и за боговите. Тогаш Зевс одлучил дека е потребно да се вмеша во проблемот па одлучил третина години да живее во подземниот свет со Хад, а остатокот на земјата. Кога Персефона била во подземниот свет, настапувала неплодноста, а кога била на земјата природата разезленувала со прекрасни цвеќиња. Така настанале и годишните времиња.