Разлика помеѓу преработките на „Тројански коњ“

Додадени 1.640 бајти ,  пред 10 години
нема опис на уредувањето
(ns)
 
Тројанскиот коњ претставува дел од митот за Тројанска војна.
 
Според легендата, грчките војски ја опседнале Троја во продолжение на десет години, и никако не пронаоѓале начин како да ја заземат. Најпосле до израз дошла идејата на мудриот Одисеј. Делото било изработено од страна на Епеј, а идејата била на мудриот Одисеј, кој пак ја послушал на божицата Атина. Најсилните херои се засолниле во коњот, додека пак останатата армија се повлекла навидум од брегот. Во меѓувреме, грчкиот шпион Синон успеал да ги убеди на Тројанците дела коњот е дар од боговите, и попкрај предупредувањето кое било дадено од страна на Лаокоон и Касандра. Така, Тројанците гигантскиот коњ го внесле зад градските ѕидини. Цела вечер Тројанците ја празнувале големата и долгогодишна победа над Грците. Но, вечерта кога сите спиеле, скриените војници ги отвориле портите на градот. По ова следувало целосно уништување на Троја, секој маж или момче биле убиени, секоја жена била заробена.