Џовани Батиста Тјеполо: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 9:
Најпрвин Џамбатиста бил ученик на Грегорио Лацарини, но најсилните влијанија кај него дошле од неговите постари современици како [[Себастијано Ричи]] и [[Џовани Батиста Пјацета]]. Кога имал 19 години, Тјеполо ја извел својата прва значајна нарачка, ''Жртвувањето на Исак'' (денес во школата [[Академиа]]). Тој го напуштил студиото на Лацарини во [[1717]], и бил примен во еснафот Фрагљиа.
 
Во 1719 Тјеполо се оженил со Сесилија Гварди, сестра на венецијалнските сликари [[Франческо Гварди]] и [[Џовани Антонио Гварди]]. Заедно имале девет деца. Четири ќерки и три сина го преживеале детството. Два сина, [[Џовани Доменико Тјеполо|Доменико]] и [[Лоренцо Балдисера Тјеполо|Лоренцо]], сликале заедно со татка си како помошници и стекнале засебни признанија. Неговиот трет стилсин станал свештеник.
 
=== Зрели дела ([[1726]]-[[1750]]) ===
Ред 22:
Тјеполо се вратил во Венеција во [[1753]], каде бил избран за Председател на Падовската академија. Неговата слава му довела многу нарачки: како на пример театрални фрески за цркви; ''Триумфот на верата'' во Венеција, Киеза дела Пиета; фрески на ѕидни плочи во [[Ка Рецонико]] (во која денес стои и неговата таванска фреска од [[Палацо Барбариго]]); и слики за партициски вили во во венецискиот крај како [[Вила Валмарана]] ([[Винченца]]) и панегиричките фрески за огромната, денес населена [[Вила Писани]] во [[Стра]].
 
Меѓутоа во [[1761]] добил нарачка од кралот на Шпанија [[Карлос III]] за изведба на таванска декорација за престолната соба во кралскиот дворец во [[Мадрид]], чиј предмет бил ''Славењето на Шпанија''. За време на неговиот престој таму ја предизвикал зависта и горкиот отпор на [[Антон Рафаел Менгс]]. Тјеполо починал во Мадрид на 27 март, 1770 год. Доаѓањето на строгиот [[неокласицизам]] довело до бавно опаѓање на неговиот стил, но не го спречил неговото влијание на развојот на уметноста. Веќе во [[1772]] Тјеполо бил доволно славен за да биде документиран како сликар на дуждот Џовани Корнаро, одговорен за декорацијаукрасување на дворецот Палацо Монцеинго а Сан Поло.
 
Додека Тјеполо вите синови продолжиле да се занимаваат со фрескосликарство, венецијанската република, која со векови поддржувала уметнички мајсторства, сега се распаѓала како резултат на наполеоновите освојувања.
Ред 30:
 
== Критички осврти и оставнина ==
Тјеполо се смета за последниот венецијански сликар-олимпиец (кои Тјеполо нити ги запознал, нити примил било какво влијание од нив: [[Џорџоне]], [[Тицијан]], [[Веронезе]] и [[Тинторето]]. Како Тицијан, ТиТјеполоТјеполо еполо станастанал европски славен. Три декади по неговата смрт, републиката ''Ла Серенисима'' се распаднала под наполеоновата чизма. По боја, неговите дела се величенствени по со нивната брилијантност и композициско единство кое генерално не постоело кај предходните венецијански сликари. Неговите богати историки збирни дела се капат во кралска луминесценција, и помпезен декор. Неправедно е да се суди Тјеполо по одсуството на негови ученици и следбеници, бидејчи неговите синови развиле слични, но сепак карактеристични стилови.
 
Тјеполо е најпознат по своите [[фреска|фрески]], особено на тавани. Овие ја следеле [[барок]]ната традиција на [[Пјетро да Кортона]] и [[Андреа Поцо]], и се обидувале да го отворат затворениот простор кон небото, со нагорен поглед на огромни композиции кои се сврзани со фината орнаментација на рококо архитектурата и скулптурата. Кај фреските од типот на оние кај [[Палацо Валмарана]] во [[Винченца]], овие не се велики погледи кон светот на митологијата, туку како инструмент за пренесување на нивните посматрачи во средината на акцијата. Најран пример за ова е неговот платно за Ка Долфин, кое му помогнало на Тјеполо да воведе бујни костуми, класична скулптура и акција која изгледа како да се прелева од таваните. Овие се поставени во ниши (вдлабнатини), а потоа се опкружени со фресконаликани рамки .