Членконоги: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додава: tl:Arthropoda
с r2.5.2) (Бот Менува: be-x-old:Чэлясаногія; козметички промени
Ред 38:
}}
 
'''Членконогите''' ([[латински јазик|лат.]] ''Arthropoda'' од {{lang-el|ἀρθρον}} — членче и {{lang-el|πούς/ποδός}} — нога) се најголемиот и најразновидниот [[Животни|животински]] тип. Во членконоги спаѓаат [[ракови]]те, [[инсект]]ите, [[многуноги]]те, [[клештари]]те и изумрените [[Трилобитообразни|трилобити]]. Членконогите се карактеризираат со сегментирано [[тело]] прекриено со сегментиран надворешен [[скелет]] ([[егзоскелет]]), со парни сегментирани додатоци на секој сегмент. Присутен е комплексен [[нервен систем]] со дорзален мозок ([[ганглија]]), со конективни [[нерв]]и кои минуваат низ антериорниот крај на [[Систем за варење|дигестивниот систем]] и вентрален нерв со ганглија во секој телесен сегмент. Имаат [[отворен тип на циркулаторен систем]] со дорзално [[срце]] во кое [[крв]]та тече низ парни отвори ([[Остија|остии]]) и многу редуцирана телесна празнина ([[целом]]). Поради тоа што поврзаниот егзоскелет го блокира [[раст]]от на [[Организам|организмот]], тој мора периоднично да се менува по пат на преслекување. Овој феномен наречен [[екдиза]] е карактеристична особина за овој тип животни; овозможува брзо растење и значајна промена во формата на телото сè додека новиот егзоскелет, секретиран од животното, не се стврдне. Членконогите се главно копнени животни, но водните претставници се исто така доста добро познати. Постојат неколку поттипови со шеснаесет класи. Меѓутоа, се среќаваат и разни други систематики.
 
== Основна структура на членконогите ==
Ред 47:
Успешноста на членконогите во природата се должи на нивниот цврст надворешен скелет, сегментацијата и поврзаните телесни додатоци. Додатоците се користат за хранење, сетилна рецепција, одбрана и [[движење]]. [[Мускулен систем|Мускулниот систем]] е повеќе или помалку потпомогнат од хидрауликата која доаѓа од [[Крвен притисок|крвниот притисок]] создаден од срцето. Хидрауличниот систем е особено добро развиен кај пајаците.
 
Акватичните членконоги користат [[жабри]] за гасна размена. Овие жабри имаат екстензивна [[Површина (биологија)|површина]] која е во контакт со околната вода. Копнените членконоги имаат внатрешни биолошки површини кои се специјализирани за размена на гасови. Инсектите и повеќето други копнени видови имаат [[Трахеи|трахеални системи]]: воздушни вреќички на кои се надоврзуваат каналчиња чиј друг крај се отвора во пори (наречени [[Спиракула|спиракули]]) надвор од телото во епидермалната [[кутикула]]. Другите имаат [[Листовиден бел дроб|листовидни бели дробови]], односно модифицирани жабри за [[дишење]], присутни кај видовите како [[Кокосна краба|кокосната краба]]. Некои делови од нозете на [[Војничка краба|војничките краби]] се покриени со [[кислород]]но апсорбирачка мембрана. Жабрените комори кај копнените краби понекогаш имаат две различни структури: една која е жабреста и служи за дишење во вода и друга специјално адаптирана за преземање на кислородот.
 
Членконогите имаат отворен циркулаторен систем. [[Хемолимфа]]та со [[хемоцијанин]]от, респираторен пигмент базиран на [[бакар]], се пропелира од страна на серии на срца во телесната празнина каде доаѓа во директен контакт со [[Ткиво|ткивата]]. Членконогите се [[протостом]]и. Кај нив постои целом, но е редуциран во тенка празнина околу [[Репродукција|репродуктивните]] и [[Екскреција|екскреторните]] [[орган]]и, при што доминантна телесна празнина е [[хемоцел]]от исполнет со [[хемолимфа]] во која се капат органите. Членконожното тело е поделено на серии од различни сегменти, како и од предсегментален ''акрон'' кој обично ги потпира [[Сложено око|сложените]] и простите [[Око|очи]] и постсегментален ''телсон''. Овие сегменти се групирани во најразлични, специјализирани телесни региони наречени ''тагмата''. Секој сегмент поддржува пар на телесни додатоци.
 
Кутикулата кај членконогите образува ригиден егзоскелет, составен главно од [[хитин]], кој периодично се менува како што животното расте. Овие животни содржат и внатрешна зона (прокутикула) која е изградена од [[протеин]] и хитин и е одговорна за силината на надворешниот скелет. Надворешната зона (епикутикула) лежи на површината на прокутикулата. Таа е нехитинозна и претставува комплекс од протеини и [[липид]]и. Овозможува влажност и заштита на прокутикулата. Егзоскелетот има форма на чинии наречени ''склерити'' на сегментите, како и прстени на додатоците кои ги делат нив на сегменти одделени со [[зглоб]]ови. Овие особини ги одделуваат членконогите од нивните роднини [[онихофори]]те и [[тардигради]]те, наречени и [[лобопода]].
 
== Претставници ==
Ред 67:
==== Класа Crustacea ====
 
Членовите на оваа класа се карактеризираат со два пара на [[Антена (биологија)|антени]] и два пара на модифицирани додатоци ([[Магзила|магзили]]) кои се користат при хранењето. Постојат околу 40,000 видови на ракови (крустацеи), меѓу кои се јастозите, крабите, [[копепод]]ите и голем број на минијатурни планктонски форми. Раковите се единствените членконоги кои се главно акватични (повеќето се морски видови). Некои, пак, се распространети во влажни станишта близу до вода. Имаат жабри за респирација. Градниот регион типично има нозе за одење (''переиоподи'') и опашен дел составен од пар на додатоци (''уроподи''), како и телсон. Нивните екскреторни органи се модифицирани [[Нефридија|нефридии]] што произведуваат разредена [[урина]] која содржи голем дел [[амонијак]].
 
==== Класа Chilopoda ====
Ред 101:
[[zh-min-nan:Chat-kha tōng-bu̍t]]
[[be:Членістаногія]]
[[be-x-old:ЧленістаногіяЧэлясаногія]]
[[bs:Zglavkari]]
[[bg:Членестоноги]]