Еукариоти: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 10:
Поради големината и сложеноста на еуцитите, транспортот на протеини до нивните вистински (точно одредени) дестинации во клетката е одговорна задача. Две органели — [[ендоплазматичен ретикулум]] и [[голџиев систем]] — се наменети за подредување и транспорт на протеините за секреција, вградување во клеточната мембрана и вградување во лизозомите. Ендоплазматичниот ретикулум е издолжена мрежа на внатреклеточни мембрани кои се протегаат од [[Јадрена мембрана|јадрената мембрана]] низ [[цитоплазма]]та. Тој не само што ги обработува и транспортира протеините, туку учествува и во синтезата на [[липид]]и. Од ендоплазматичниот ретикулум, протеините се транспортираат во мали мембрански [[Везикула|везикули]] до голџиевиот систем, каде се врши нивната натамошна обработка и подредување за транспорт до нивните крајни дестинации. Освен улогата на протеински транспортер, голџиевиот систем служи како место за липидна синтеза и (кај растителните клетки) како место за синтеза на [[полисахарид]]ите кои влегуваат во градбата на [[Клеточен ѕид|клеточниот ѕид]].
 
Еуцитите поседуваат цитоскелет (клеточен скелет), кој е друго ниво на внатрешна организација. Тој е мрежа на протеински филаменти кои се протегаат низ цитоплазмата. Дава структурна поддршка на клетката, со што ја одредува клеточната форма и општата организација на цитоплазмата. Тој исто така е одговорен за движењата на цели клетки (како на пример, контракцијата на [[мускул]]ните клетки) и за внатреклеточниот транспорт и сместување на органелите и другите градбени делови, вклучувајќи ги и движењата на [[хромозом]]ите за време на [[Делба на клетките|делбата на клетките]]. Пичка ви матер.
 
<center>