Аполон: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Менува: vi:Apollo
Нема опис на уредувањето
Ред 4:
 
'''Аполон''' ([[Старогрчки јазик|старогрчки]]: '''Απόλλων''') во [[грчка митологија|старогрчката митологија]] а подоцна и во [[римска митологија|римската]] бил еден од главните божества на [[Олимп]], заштитник на земјата, пролетта, ловот, младината, музиката, поезијата, танцот, морето, светлоста и сонцето, предводник на музите. За неговото раѓање постојат повеќе варијанти, а најчестата е онаа според која тој е син на [[Зевс]] и [[Лета]] (или [[Латона]] кај Римјаните), брат близнак на божицата [[Артемида]] (кај Римјаните [[Дијана (божица)|Дијана]]). Митот раскажува дека Аполон и Артемида биле плод од вонбрачната врска на Зевс и Лета и кога божицата [[Ера (божица)|Ера]] разбрала за тоа, многу се налутила и сакајќи да ѝ се одмазди на Лета, ѝ забранила да ги роди на било која земја, било тоа [[континент]] или [[остров]]. Очајна, Лета талкала сè додека не стигнала до островот Дело кој, согласно митот, не бил целосно спуштен на тлото и така токму таму Лета можела да го роди Аполон.
 
 
Култот кон богот Аполон се негувал во бројни места во грчкиот и римскиот свет од кои најпознатото е секако [[Делфи]].
За разлика од другите божества кои имале соодветни еквиваленти во [[римска митологија|римската митологија]], овој бог бил директно преземен од Старите Грци. Така на пример, за време на [[Втората Пунска војна|Втора Пунска војна]], биле воведени олимписки игри во чест на богот Аполон, а култот бил засилен во времето на императорот [[Август]] кој за да ја зацврсти власта, тврдел дека води потекло толку од Аполон.
 
 
Во [[етрурска митологија|етрурската митологија]] можно е да се најде некоја врска меѓу Аполон и етрурскиот бог на громовите, [[Аплу (бог)|Аплу]] или Апуло. Сепак, сѐ уште не е сосем јасно дали Етрурците го презеле тој бог од [[грчка митологија|грчката митологија]].
Ред 14 ⟶ 12:
== Видете исто така ==
* [[Аполон Белведерски]]
 
 
 
 
{| width="100%" bgcolor="#fbf5df" style="border: 1px solid #CE7E06;"
Ред 34 ⟶ 29:
| bgcolor="#fbf5df" | <div align="center">[[:Категорија:Грчки богови|Богови]] | [[:Категорија:Грчки херои|Херои]] | [[:Категорија:Музи|Музи]]</div>
|}
 
{{Мит-никулец}}
 
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Аполон