3.392
уредувања
Нема опис на уредувањето |
с (Отстрането уредувањето на 62.162.216.96 (разговор), вратено на последната верзија на CommonsDelinker) |
||
{{WW2InfoBox}}
Причините за војната, кои најчесто се припишуваат на [[Версајски договор|Версајскиот договор]], [[Големата криза од 1929]], [[национализам|национализмот]] и [[милитаризам|милитаризмот]], се предмет на дебати. На кој датум војната започнала е исто така предмет на расправа, најчесто се смета дека таа официјално започнала со [[Германија|германската]] инвазија на [[Полска]] на [[1 септември]] [[1939]], но исто така се наведуваат и други датуми - [[Јапонија|јапонската]] инвазија на [[Кина]] на [[7 јули]] [[1937]] (почетокот на [[Втора Кинеско-јапонска војна|Втората Кинеско-јапонска војна]]), или уште порано - во [[1931]] со јапонската инвазија на [[Манџурија]]. Некои, пак, сметаат дека Првата и Втората Светска војна се еден конфликт раздвоен само со "[[прекин на огнот]]".
Поствоена [[Европа]] била поделена на [[Западен свет|Западна]] и [[СССР|Советска]] [[сфера на влијание]]. Првата доживеала економска реконструкција преку [[Маршалов план|Маршаловиот план]], додека пак источните земји станале [[сателитски земји|сателити]] на [[СССР]]. Во воена смисла, Западна Европа, во најголем дел била инкорпорирана во [[НАТО]], а Источна Европа во [[Варшавски пакт|Варшавскиот пакт]], сојузи меѓу кои се водела подоцна Студената војна. Во [[Азија]], американската воена окупација на [[Јапонија]] довела до нејзина [[вестернизација]], додека пак Кина била поделена на [[Комунизам|комунистичка]] [[Кина|Народна Република Кина]] и [[Национализам|националистичка]] [[Тајван|Република Кина (Тајван)]] по кинеската социјалистичка револуција во 1949.
== Светот помеѓу двете светски војни ==
=== СССР ===
По поразот на [[Руска Империја|Руската Империја]] во Првата Светска Војна во 1917 во Русија се случиле двете руски револуции кои што ќе остават траен белег врз светот не само во 20 век, туку општо во целата историја не само на Русија и Европа, туку и врз историјата на целото човештво: [[Февруарска револуција|Февруарската буржоаско-демократска револуција]], со која царот [[Николај II]] бил принуден да абдицира и официјално бил ставен крај на повеќе од 200 години старата Руска Империја, и [[Октомвриска револуција|Октомвриската социјалистичка револуција]], со која во Русија на власт дошле [[Болшевици]]те предводени од страна на [[Ленин|Владимир Илич Ленин]], по што бил создаден Сојузот на Советските Социјалистички Републики или [[СССР]], уште попознат како Советски Сојуз. По смртта на Ленин во 1924, власта во СССР ја превзел еден од најбруталните диктатори познати општо на целото човештво, [[Јосиф Сталин|Јосиф Висарионович Сталин]].
=== Италија и Јапонија ===
Во Италија дошло до првата појава на [[фашизам|фашизмот]] по доаѓањето на власт на фашистичкиот диктатор [[Бенито Мусолини]] по [[Марш на Рим|Маршот на Рим]] во октомври 1922.<ref>Shaw, Anthony. ''World War II Day by Day'', стр. 35.</ref> Во Кина, десничарската партија [[Куоминтанг]] започнала кампања за унификација на Кина. Унификацијата завршила кон средината на 1920-те, по што следела граѓанска војна помеѓу Куоминтанг и нејзините некогашни сојузници, кинеските комунисти. Граѓанската војна и неединството меѓу Кинезите биле искористени од страна на Јапонија, која што во 1931 го искористила [[Мукденски инцидент|Мукденскиот инцидент]] како повод за да ја окупира богатата кинеска област [[Манџурија]], каде што ја формирала марионетската држава [[Манџуко]], уште попознато како Пацификација на Манџурија, како своја база за окупирање на Кина,<ref>Myers, Ramon; Peattie, Mark. ''The Japanese Colonial Empire, 1895–1945'', стр. 458.</ref> што требало да биде првиот чекор на Јапонија кон воспоставување на доминантна власт во Азија. Јапонската агресија врз Кина продолжила и во 1932, а особено во 1937.
=== Германија ===
|