Отвори го главното мени

Промени

с
нема опис на уредувањето
|location_town = [[Скопје]]
|location_country = [[Република Македонија]]
|architect = [[Виктор Лукомски]]
|client =
|engineer =
|construction_start_date =
|date_demolished =
|cost =
'''Палатата на Собранието на Македонија''' е една од најмонументалните градби во [[Република Македонија]], за која во [[1930]] година бил распишан и конкурс за проектирање (на кој победил архитект [[Виктор Лукомски]]), а изградена е во [[1938]] година по проект на чешкиот архитект [[Виктор Ј. Худак]]. Објектот е концепиран во модерен архитектонски јазик за тоа време, со специфичен масивен разигран волумен и присуство на чисти фасадни елементи, во форма на надворешен петоаголник со внатрешен двор со сала. Применетата фасадна декорација е со геометриски содржини, присутни во одделни партии. Од вградената орнаментална содржина, најинтересен дел е обработката на кабинетите и ентериерот, проектирни-дизајнирани од Д. Инкриостри (1935-1937) во резба - Сала Длаборез, со комплетно обложување на ѕидовите со дрво, поделени на геометриски полиња, каде се аплицирани во резба различни геометриски, вегетабилни и зооморфни стилизирани мотиви, втемелени на народната уметност и традиција. Изведбата на оваа декорација му била доверена на Глиша Костовски, столар и резбар од Тетово, со неговата тајфа.
 
Зградата е во употреба од [[1939]] година како Управна палата на тогашната локална Управа.
 
По ослободувањето на [[Скопје]] [[1944]] година во зградата е сместена целокупната администрација на македонската народна власт: претседателот на [[Демократска Федерална Македонија]], Народното Собрание, Владата и Уставниот суд.