Историја на Европската Унија: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
 
Нема опис на уредувањето
Ред 53:
Од овие ограничени промени од уште поголемо значење за развитокот на Уставот беа два други фактори, кои делуваа во сосема поинаков правец. Прво, Луксембуршкиот компромис од почетокот на 1966 година. За што станува збор? Во прво време, Советот на министри, како централен орган на ЕЕЗ, требаше да премине од едногласни одлуки во одлуки на мнозинството, според договорот од 1.1.1966. Но, француската влада на чело со Де Гол одлучно го одби ова. Кога кон средината на 1965 година не можеше да се постигне согласност за спорното финансирање на аграрот, за да го спречи одлучувањето, таа го повлече својот претставник од Советот. Оваа таканаречена "политика на празно столче" беше првата криза на ЕЕЗ. Таа беше прекината во јануари 1966 година со помош на споменатиот "Луксембуршки компромис". Со него државите-членки се спогодија да се воздржуваат од предвидените одлуки на мнозинството, кога станува збор за виталните интереси на една земја. Затоа, понатаму де факто важеше принципот на едногласие, кој беше карактеристичен за традиционалните форми на меѓудржавна соработка. Тоа беше јасен засек во историјата на интеграцијата.
 
Вториот фактор на влијание, во спротивна насока, го сочинуваше судската одлука на Европскиот врховен суд (ЕвВС). Со една низа од пробивни пресуди, ЕЕЗ-договорот, кој во својата претходна форма имаше меѓудржавен лик, беше радикално изменет и му беа дадени елементи на правилен устав. Така, меѓу другото, беа спроведени:
 
* Принципот на непосредното и директното делување на правото на ЕЗ, за секој граѓанин на ЕЗ, без вклучување на земјите-членки.
* Предноста на правото на Заедницата пред националното право, и на крајот
* Вклучување на националните судови во правните одлуки на ЕЗ, со една многу мудра стратегија, при што беа охрабрени да го повикуваат ЕвВС за нејаснотии и прашања од правото на ЕЗ.
 
Ред 71:
 
Независно од тоа, исто така интензивно беа вклучувани нови полиња во соработката, затоа што се покажуваа сфери на допирање односно преклопување во договорно утврдената состојба. Примери за тоа се:
 
* Меѓудржавната спогодба за надворешно-политички прашања, која беше донесена во 1969 година на Хашката конференција на врвот и која понатаму сé повеќе се прошируваше, таканаречената Европска политичка соработка (ЕПС), со којашто не за последен пат се водеше сметка за врските меѓу заедничката наднационална политика за надворешна трговија и традиционалната надворешна политика, останата во надлежност на државите членки, или
* Соработката во политиката за животна околина, започнувајќи со еколошката програма за акција од 1973 година. Во почетокот оваа одлука служеше исклучиво за да ги спречи националните политички еколошки мерки да ја оневозможуваат трговијата внатре во Заедницата; поради отпорот на неколку држави членки, не можеше ни да се помисли на независна еколошка политика на ЕЗ.
 
Оваа, во почетокот исклучително скромна, целосна или делумна меѓудржавна соработка во цела низа области, подолгорочно не требаше да остане без последици. Тоа многу јасно го докажуваат промените направени во рамките на ЕЕА, за коишто сега ќе зборуваме. Но, пред тоа, неколку забелешки за развитокот на бројната состојба на членките, значи за проширувањето на Заедницата, што во оваа етапа помеѓу ЕЕЗ и ЕЕА се спроведе со три чекори:
 
* Проширувањето кон север со Данска, Ирска и Велика Британија (1973) како и
* Проширувањето кон југ со Грција (1981),
* Шпанија и Португалија (1986).
 
Значи, за помалку од 20 години Заедницата можеше да ја удвои својата почетна бројна состојба на членки, со што беше поврзана цела низа од последици:
 
* Поголемиот дел од земјите-членки со себе донесоа растечка хетерогеност од интереси и основни ставови во врска со прашањето за што служи ЕЕЗ и како треба да се развива понатаму, што значително ја намалуваше способноста за донесување одлуки. Мислете на тоа, дека во тоа време, врз основа на Луксембуршкиот компромис, мораше да се одлучува едногласно!
* Во областа на материјалната политика беа ставени нови акценти. Така на пример, несомнено е дека основањето на Европскиот фонд за регионален развој (ЕФРР) во 1975 година или, пак, постојаното разгранување на регионалната политика треба да се поврзе со приклучувањето на структурно слаби земји како Грција или Португалија.
 
А, сега кон крајот на нашата етапа, првата голема ревизија на договорот со ЕЕА. Јас накратко бев спомнал, дека со примањето на нови членки, посебно со земјите многу критични за ЕЗ - Данска и пред сé Велика Британија, започна голема неспособност во донесувањето одлуки. На почетокот на 80-тите години настапи еден видно поизразен процес на менување на мислењето. За тоа беше одговорно спознанието дека Европа економски и технолошки видно заостануваше зад САД и Јапонија. Од тие причини се посегна по цела низа иницијативи што имаа за цел да ја направат Заедницата повторно способна за делување. Тие се влеваа:
 
* Како прво, во таканаречената програма за внатрешниот пазар, со која требаше до крајот на 1992 да се одстранат сите преостанати пречки во трговијата меѓу државите-членки, пред сé нетарифните пречки во трговијата, со цел да се создаде еден вистински заеднички пазар, и
* Второ, во одлуката на Европскиот совет од 1985, да се свика конференција на влади за промена на Римските договори според член 235 од ЕЕЗ-договорот, коишто на крајот двете, заедно со многу други промени, по долги преговори и силен отпор, посебно од страната на Велика Британија, го најдоа својот пораз во ЕЕА.
 
Во кратки црти, промените врзани со ЕЕЗ содржеа:
 
* Примање на низа нови политички полиња во рамките на политиката поддржувана со Договорот. Тука спаѓаа претходно веќе споменатата еколошка политика, но и истражувачка и технолошка политика и регионална политика.
* Внесувањето на остварувањето на внатрешниот пазар како цел во Договорот.
* Модификацијата и дополнението на постоечките начини за одлучувањеi. Тука спаѓаше, меѓу другото, воведувањето на една нова постапка за одлучување, која предвидуваше согласност во Советот на министри со квалификувано мнозинство како и суштински подалекусежни можности за влијание на Европскиот парламент, кој дотогаш имаше само советодавни функции, и за првпат договорни одредби за надворешнополитичката соработка на земјите членки,
* Уставнополитички гледано, еден важен чекор во правец на наднационализација, а во доменот на материјалната политика едно впечатливо проширување на интеграциската состојба, значи на политичките полиња вклучени во соработката на ЕЗ поддржана од Договорот - вака на најдобар начин може со една реченица да се резимираат промените врзани со ЕЕА. Притоа е важно да се увиди дека овие промени не би биле возможни во оваа форма, без многубројните мали чекори во годините од основањето на ЕЕЗ и без стекнатите искуства во соработката меѓу државите- членки. Исто така треба да се истакне, дека овие промени од нивна страна требаше да влијаат на идниот развој, како важни фактори на влијание.
 
== Од ЕЕА до основањето на Европската унија ==
Ред 117:
Интерните фактори на влијание во прва линија зависат од очигледната сопствена динамика што ја доби процесот на интеграција преку проектот за внатрешниот пазар и ЕЕА. Така, внатрешниот пазар имаше далекусежни допирни точки, меѓу другото, со монетарната политика, имигрантската и азилантската политика, со борбата против меѓународниот криминал и со социјалната политика, под името "социјален дампинг". Овие сфери на допирање правеа на многу актери заедничката политика во наброените области да им изгледа неотповиклива. Освен тоа, енормно пораснатото заедничко имотно право од ЕЕА сé поболно го враќаше во сеќавање "демократскиот дефицит" на ЕУ, и на неколку држави-членки, германското повторно обединување, поцврсто врзување на Германија, која стана поголема и поспособна за делување, им изгледаше препорачливо.
 
Што се однесува до надворешните предизвици, кои најавуваа продлабочување на интеграцијата наскоро по ЕЕА што не исклучува и повторна ревизија на Договорот, можам да се задржам на неколку клучни моменти:
 
* Растечката несигурност во меѓународните и европските односи поради отежнувачките преврати во поранешните социјалистички држави;
* Перспективата за влез на најмалку неколку од овие земји, кој без претходна решителна ревизија, особено на интерната постапка за одлучување внатре во Заедницата, не изгледаше возможен, без трајно да ја попречи способноста за делување на ЕЗ;
* Економската глобализација, која ги направи економските и социјално-политичките мерки во рамките на националната држава растечки неефективни.
 
Ред 145:
 
Внатре во столбот на ЕЗ се преземаат мноштво промени во институционалниот сектор и во поглед на вклучените политички области, кои собрани заедно носат трајна наднационализација. Неколку примери:
 
*Воведување на една нова постапка за одлучување, што на Европскиот парламент му носи вистински овластувања за учество во одлучувањето;
*повеќе одлуки со квалификувано мнозинство во Советот;
* Основање на една Комисија на регионите;
* Проширување на можностите за санкционирање од страна на Европскиот врховен суд, во случаите кога државите-членки не ги почитуваат неговите одлуки и не го спроведуваат навремено правото на Заедницата;
* Проширување на одговорностите на Заедницата во областите што беа придодадени со ЕЕА, како што се истражувачката и технолошката политика, политиката на животната средина и регионалната политика;
* Монетарна унија! Одредбите за Монетарната унија, исто како програмата за внатрешниот пазар кај ЕЕА, го сочинуваат јадрото на Договорот од Мастрихт;
* Нови области, во кои Заедницата дотогаш не била активна, или, пак, за тоа немала експлицитна договорна основа, беа вклучени, како на пример: политиката за заштита на потрошувачите, образованието итн.;
* Беше избрана една потполно модерна и неповторлива конструкција за соработката во нововклучената социјална политика. Откако Велика Британија се поколеба да се согласи дури и за минимално проширување на компетенциите на Заедницата во оваа област, во рамките на еден посебен протокол, другите држави-членки се договорија да го реализираат проширувањето и продлабочувањето на активностите на ова поле што сите тие ги посакуваа и ги сметаа за неопходни, без согласност на Британија!