Префектура (Франција): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Пренасочување кон Префектури во Франција
 
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
#ПРЕНАСОЧУВАЊЕ'''Префектурата''' ([[Префектурифр.]] ''préfecture'') во [[Франција]] е поим што подразбира:
*административен центар на [[Департмани во Франција|департманот]];
*административен центар на [[Региони во Франција|регионот]];
*надлежностите на префектурата
*службеното седиште на [[Префект (Франција)|префектот]].
 
==Улогата на префектурите во департманите ==
Во земјата има 100 префектури - по една за секој департман. Со секоја раководи [[Префект (Франција)|префект]] (''préfet''). Префектурите во целина се надлежност на [[Министер за внатрешни работи (Франција)|Министерството за внатрешни работи]]. Така, прафектурата е задолжена за издавање на лични карти, возачки дозволи, пасоши, дозволи за престој и работа за странци, регистрација на возилата, регистрација на граѓански здруженија и раководство со [[полиција]]та и [[противпожарна служба|противпожарните служби]].
 
Префектот е претставник на државната управа на локално ниво, и како таков е носител на надлежностите што ѝ припаѓаат според уставот.
Префектот издава уредби за примената на локалните закони, како на пр. затворање на објекти што не ги исполнуваат градежните регулативи, измена на сообраќајните правила и др.
 
Управниот орган на департманот е [[Генерален совет (Франција)|генералниот совет]] (''Conseil général''), кој е надлежен за изградба и одржување на училишта и патишта, социјална помош, унапредување на локалниот стопански развој и тн. Порано на чело на департманот стоел префектот, но од 1982 наваму оваа улога ја има претседателот на генералниот совет.
 
==Париз==
[[Париз]] и трите околни департмани претставуваат исклучок во однос на полицијата и безбедноста. Тие се водат под една единствена префектура, наречена „префектура на полицијата“ (''préfet de police''). Ова е оставнина од состојбата за време на [[Париска комуна|Париската комуна]] од 1871 г. Во другите [[Општини во Франција|општини]] за полициските работи е задолжен [[градоначалник]]от.
 
==Поделба на дерпатманите==
Департманите се поделени на [[Окрузи во Франција|окрузи]], кои пак се делат на [[Кантони во Франција|кантони]]. Административниот центар на округот се нарекува [[Потпрефектура (Франција)|потпрефектура]] (''sous-préfecture''), на чие чело стои потпрефект (''sous-préfet''). Кантоните имаат релативно малку надлежности, од кои најважна е локалното организирање на избори.
 
== Поврзано ==
* [[Административна поделба на Франција]]
 
 
{{Prefectures of regions of France}}
 
[[Категорија:Управување со Франција]]
[[Категорија:Префектури во Франција| ]]
 
[[af:Prefektuur]]
[[be:Прэфектура, Францыя]]
[[ca:Prefectura]]
[[cs:Prefektura (Francie)]]
[[da:Præfektur]]
[[de:Präfektur (Frankreich)]]
[[en:Prefectures in France]]
[[es:Prefectura]]
[[eo:Prefektejo]]
[[eu:Prefektura]]
[[fr:Préfecture]]
[[gl:Prefectura]]
[[id:Prefektur]]
[[ka:საფრანგეთის პრეფექტურები]]
[[la:Praefectura]]
[[nn:Prefektur i Frankrike]]
[[oc:Prefectura]]
[[pt:Prefeitura]]
[[ru:Префектура (Франция)]]
[[simple:Prefectures in France]]
[[sl:Prefektura (Francija)]]
[[sr:Префектуре Француске]]
[[sv:Frankrikes departementshuvudstäder]]