Државен запис: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Статијата е во доста добра состојба.
Ред 1:
{{Внимание}}
'''Државните записи''' се краткорочни [[хартии од вредност]] што ги издава централната власт, односно Министерството за финансии. Државните записи се сметаат за безризични хартии од вредност, зашто не носат речиси никаков [[кредитен ризик]]. Исто така, во развиените земји, државните записи се одликуваат со многу ликвиден пазар, т.е. во секое време може брзо да се продадат без голема загуба во цената и со мали трансакциски трошоци. Оттука, тие носат пониска заработка (принос) во споредба со другите кусорочни хартии од вредност. Државните записи се [[дисконтни хартии од вредност]] (discount securities), т.е. воопшто не носат посебна камата, туку се продаваат по пониска цена од номиналната вредност, така што приносот е претставен преку разликата меѓу номиналната вредност и куповната цена. Во Македонија, државните записи за прв пат се појавија во јануари 2004 г. Кај нас, државните записи се издаваат со три различни рочности: три месеци, шест месеци и една година, но најчести се оние со рок на достасување од три месеци. Државните записи се дематеријализирани хартии од вредност, односно постојат само како запис во електронска форма, а купувачот добива потврда за нивното купување.
 
== Аукции на државни записи во Македонија ==
Државните записи се продават на [[аукции]] што се изведуваат според однапред утврден календар, при што [[Народна банка на Република Македонија]] се јавува како организатор на аукциите и како агент на Министерството за финансии. <ref>Горан Петревски, ''Управување со банките'', Универзитет Св. Кирил и Методиј, Економски факултет, Скопје, 2008, стр. 269-270.</ref> Аукциите на државни записи долго време се одржуваа во вид на тендер со каматни стапки, а од средината на март 2008 г., тие се продаваат преку тендер со износи. На аукциите на државни записи се прибираат два типа понуди: конкурентски (competitive bids) и неконкурентски (noncompetitive bids) понуди. ''Конкурентски понуди'' се оние каде што банките ги наведуваат износот на државни записи што сакаат да го купат и понудената цена, т.е. бараната стапка на приносот. Кај ''неконкурентските понуди'' се наведува само износот на државни записи што сака да се купи, а купувачот ја плаќа просечната цена на државните записи постигната на прифатените конкурентски понуди. Пред одржувањето на аукциите, Министерството за финансии објавува проспект со основните информации за изданието, износот што се нуди за продажба и максималната каматна стапка (до октомври 2007 г.). На аукциите, сите пристигнати понуди се подредуваат според висината на понудената цена, почнувајќи од највисоката до најниската и се прифаќаат понудите сè додека не се продаде целокупниот износ.
 
На аукциите на државни записи може да учествуваат само банките, додека населението и правните лица може да купуваат државни записи само посредно, преку банките. Притоа, во текот на 2004 и 2005 г., претпријатијата и населението беа главни купувачи на државните записи, но од 2006 г. наваму, банките се најголеми инвеститори во државни записи. Со државните записи може да се тргува на [[пазарот преку шалтер]] (over the counter market), којшто започна да работи во април 2005 г., а во 2006 г. беше воспоставен и електронски систем на котација и тргување. Сепак, до ден-денес, овој пазар не е активен, т.е. многу ретко се тргува со државни записи, бидејќи инвеститорите нив ги чуваат до крајниот рок на достасување.
Ред 10 ⟶ 8:
==Наводи==
<references/>
 
{{Економија-никулец}}