Државен запис: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 1:
==Дефиниција и историјат==
 
Државните записи (treasury bills) се краткорочни [[кусорочни хартии од вредност]] што ги издава централната власт, односно Министерството за финансии. Државните записи се сметаат за безризични хартии од вредност, зашто не носат речиси никаков [[кредитен ризик]]. Исто така, во развиените земји, државните записи се одликуваат со многу ликвиден пазар, т.е. во секое време може брзо да се продадат без голема загуба во цената и со мали трансакциски трошоци. Оттука, тие носат пониска заработка (принос) во споредба со другите кусорочни хартии од вредност. Државните записи се [[дисконтни хартии од вредност]] (discount securities), т.е. воопшто не носат посебна камата, туку се продаваат по пониска цена од номиналната вредност, така што приносот е претставен преку разликата меѓу номиналната вредност и куповната цена. Во Македонија, државните записи за прв пат се појавија во јануари 2004 г. Кај нас, државните записи се издаваат со три различни рочности: три месеци, шест месеци и една година, но најчести се оние со рок на достасување од три месеци. Државните записи се дематеријализирани хартии од вредност, односно постојат само како запис во електронска форма, а купувачот добива потврда за нивното купување.
 
==Аукции на државни записи==