Петар Ацев: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 15:
 
Роден е во селото [[Ореовец (Прилепско)|Ореовец]], [[Општина Прилеп|Прилепско]]. Завршил VI клас во [[Софија]]. Од [[1897]] до [[1901]] година е учител во [[Прилеп]], [[Крушево]] и други места во [[Македонија]]. Заедно со браќата Мирче и Георги се вклучува во револуционерната дејност на [[Македонска револуционерна организација|Македонската револуционерна организација]]. Во [[1901]] година негов четник е [[Крсто Гермов]], подоцна познат како ''Шаќир војвода''.
[[Податотека:Petar Atsev IMARO.JPG|десно|мини|150п|Ацев вo комитскa облека]]
 
На почетокот на [[1902]] година станува нелегален, а од [[мај]] бил околиски војвода за Прилепско. Тогаш негов четник е и [[Атанас Иванов]]. Петар Ацев е претставник на Прилепскиот револуционерен реон на [[Смилевскиот конгрес]], тој бил еден од главните противници за кревање на востанието. Како главна причина за таквиот став биле недоволната подготвеност и немањето на оружје во регионот.