Георги Кондолов: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 14:
== Биографија ==
 
Тој е роден е во с. [[Велика]], [[Мало Трново|Малотрновско]], (денеска во [[Турциja]]) во [[1858]] година. Уште од детството ги напушта родителите и изучува дрводелски занает во [[Цариград]].

Во 1878 година се населува во [[Хасково]], [[Источна Румелија]], каде отвора своја работилница, а од [[1896]] година и во [[Бургас]].

Еден е од основачите и раководител на ''Македоно-одринското друштво'' во [[Бургас]]. Во [[1897]] година заедно со капетан [[Петко војвода]] и др. формираат таен револуционерен комитет.

Во почетокот на [[1901]] година Кондолов формира своја чета која дејствува во Малотрновско и Бунархисарско. Учествува на конгресот на Одринскиот револуционерен округ на [[28 јуни]] [[1903]] година, на [[Петрова нива]], каде е избран за началник на сите востанички чети во тој реон.

На [[6 август]] [[1903]] година, по време на [[Илинденско востание|Илинденското востание]] при нападот на с. Паспалово [[Малки Самоков|Малосамоковско]], (денеска во [[Турциja]]) е предаден од гркот Аристиди, тешко е погоден војводата Кондолов, кој заповеда да биде застрелан. Тешката задача, со ждрепка, му се паднала на Димитар Желjaзков - Македончето. Последните му зборови му биле:
 
{{Цитатник|''Делото е свето. Проклети да бидете ако не ја продолжите борбата''}}
Ред 35 ⟶ 43:
[[bg:Георги Кондолов]]
[[de:Georgi Kondolow]]
{{Дејци на МРО}}