Солунска афера: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 27:
==23 јануари==
 
Токму на [[23 јануари]] [[1901]] година ([[Јулијански календар|стар стил]]) започнала Солунската афера. Таа ноќ турските власти ги уапсила Милан Михајлов, Александар Ников и Кочо Георгиев - Карловалијата поради нарушување на јавниот ред околу ''Вардарската капија'' <ref name="RdS"><small>''Pierre d’ Espagnat - Avant le massacre (Roman de la Macedoine actuelle) - Македония - политическо и научно литературно списание г. I кн. VII, София, 1922''</small></ref>.

Треба да се истакне дека Милан Михајлов родум од [[Прилеп]] бил човек на [[Македонски комитет|Врховниот комитет]] на [[Борис Сарафов]] и по негова препорака дошол во [[Централен комитет на МРО|Централниот комитет]] во [[Солун]] <ref name="DrHT"> <small>''Д-р, Христо Татарчев, Вътрешна македоно-одринска революционна организация като мит или реалност, Цочо Биљарски и Валентин Китанов, София, 1995''</small> </ref>. Александар Ников од [[Битола]] бил секретар на [[Централен комитет на МРО|Централниот комитет]] додека пак Кочо Георгиев бил комита во четата на [[Христо Чернопеев]] и заедно со Милан Михајлов по почетокот на [[јануари]] дошле во [[Солун]] на лекување <ref name="HC"><small>''Спомени на Христо Чернопеев''</small></ref>.
 
===Апсење===
Ред 33 ⟶ 35:
[[Податотека:Hristo_Tatarchev.jpg|мини|десно|100п|[[Христо Татарчев]]]][[Податотека:Hristo_Matov.jpg|мини|десно|100п|[[Христо Матов]]]] [[Податотека:Pere_Toshev.jpg|мини|десно|100п|[[Пере Тошев]]]]
 
Иако тие тројца биле предупредени да внимаваат заседнале во една грчка гостилница и притоа започнале да дискутираат на висок тон, а некој од нив извадил на масата доверливи документи на [[Македонска револуционерна организација|Организацијата]].

Биле забележани од гостилничарот кој ги пријавил кај властите, а тие по излегувањето од гостилницата од страна на турската жандармерија биле уапсени во една од улиците по што биле однесени во вилаетското полициско оделение.

Таму кај нив покрај оружје биле пронајдени и доверливи документи на [[Македонска револуционерна организација|Организацијата]]. имено кај Александар Ников била пронајдена покана за последното заседавање на [[Централен комитет на МРО|Централнот комитет]], кај Милан Михајлов биле пронајдени револвер и кама, а кај Кочо Карловалијата била пронајдена кама на која бил изгравиран лозунгот ''[[Слобода или Смрт''смрт]] <ref name="RdS" />.

Додека се наоѓале во притвор Александар Ников го искористил невниманието на стражарот и избегал но за таа случка разбрал целиот [[Солун]].

Александар Ников живеел заедно со Милан Ризов и четникот Кочо Христов Чонка и по бегството веднаш таму се засолнил но живеалиштето било посочено од Милан Михајлов и полицијата извршила упад при што четникот Кочо Чонка бил уапсен, а Ников и Милан Ризов успеале да побегнат низ прозорот <ref name="VG" />.
 
===Полициски претреси===
 
По бегството на Александар Ников и Милан Ризов полицијата започнала со претрес по куќите каде тие би можеле да се кријат. Прво било проверно живеалиштето на Коце Лазров кој бил пријател на М. Ризов.

Кај него биле пронајдени 50 куршуми за револвер и доверлива организациска документација, а меѓу другото бил пронјаден и еден хектографиран извештај до [[Централен комитет на МРО|Централнот комитет]] за прокопување на канал под Отоманската банка во [[Цариград]].

Коце Лазаров веднаш бил уапсен, а пронајдената документација му била доверена од страна на [[Пере Тошев]]. Истовремено полицијата упаднала во живеалиштата на [[Христо Татарчев]], Никола Попев, Коне Попев, Димитар Паљошев и Христо Пиперков. Последните двајца биле уапсени, а Пиперков подоцна бил ослободен. По нив бил уапсен и книжарот од [[Воден]], Димитар Хлебаров. На [[25 јануари]], [[Христо Матов]] и [[Пере Тошев]] <ref name="VG" /> биле уапсени, а полицијата извршила претрес во живеалиштето на поп Стамат при [[црква]]та [[Св. Димитриј Солунски|св. Димитрија]] и тамошното пансионско училиште.

Полицијата исто така извршила претрес и во [[црква]]та [[св. Кирил и Методиј]] како и во околните куќи но при овие претреси ништо не било откриено.

Малку подоцна бил уапсен и [[Христо Татарчев]]. Треба да се истакне дека тој можел да избега и да се засолни, што му било укажувано од драгоманот на рускиот конзул Тодор Хаџимишев но Татарчев:
 
{{Цитатник|''... не сакал да дезертира од својот пост'' <ref name="DrHT" /> }}
 
Додека траеле претресите истовремено продолжила и потерата по Александар Ников и Милан Ризов. Тие се засолниле на еврејските гробишта, а нив им се придружил и Тодор Иванов - Серменинчето.

По дискусијата решиле да го напуштат [[Солун]] и да се засолнаат во некоја од четите и затоа Анго Арабаџијата и мајсторот Андон Ангелов подготвиле специјална кола и заедно со бегалците на [[28 јануари]] го напуштиле градот.

Но на четврт час од [[Солун]] кај месноста ''Тумба'' биле престигнати од турака потера и тогаш Александар Ников се самоубил, а останатите биле уапсени <ref name="DrHT" />.

Првичниот успех на турските власти во разоткривањето на [[Македонска револуционерна организација|Организацијата]] се должеле на кажувањата на Милан Михајлов. Тој по апсењето ведаш почнал се да кажува.

Зборувал за своите патувања во [[Струмица]], [[Моноспитово]], [[Кукуш]] и [[Дојран]] каде го растурал нелегалниот весник [[Реформи (весник)|Реформи]]. Кажал дека по наредба на Пере Тошев заминал за [[Гевгелиско]] кај Андон Ќосето. М. Михајлов бил преоблечен во полициска униформа и таков бил шетан низ градот за да ги посочи места каде неговите соборци и другари ги посетувале, атој ја посочил и куќата на мајсторот Андон каде се криеле Милан Ризов и четникот Кочо Чонка.
 
=== Проширување на истрагата===
 
Кон крајот на [[јануари]] [[1901]] година аферата добила големи размери. Престресите се проширувале, а бројот на уапсените се зголемувал. Од [[Кукуш]] во [[Солун]] биле донесени [[Туше Делииванов]] и трговецот Дупков.

Делииванов бил ослободен бидејќи според полицијата се бараал Караиванов, а не Делииванов но Туше разбрал дека него го бараат и дека станува грешка во презимето и затоа се засолнил во четата на [[Христо Чернопеев]]. Кон крајот на [[јануари]] бил направен уште еден претрес кај поп Стамат но повторно ништо не било најдено.

На 1[[Февруари| фебруари]] [[1901]] година биле уапсени браќата Мончеви, Васил и Михаил содржатели на ''Бошњак - ан'', потоа бил уапсен учителот од Мурарци со двајца селани, а бил уапсен и епитромот на ''Вардарската црква'', Атанас Ангелов кој бил воедно и претседател на солунскиот револуционерен комитет.

На [[3 февруари]] во солунскиот затвор имало 34 души затворени во врска со аферата.
 
==Нов тек на Аферата==