Солунски конгрес од 1903 година: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 25:
===Одлука за востание===
 
На третото заседание, на [[16 јануари]], кое траело само час и половина се прифатил и потпишал ''ПРОТОКОЛОТ'' за извршената работа и преземените решенија.

Решително против востанието се изјаснил само серскиот делегат Димитров, но на крајот и тој се присоедини кон заедничкото мнение. Скопскиот делегат Димитар Ганчев, испратен со директива да дејствува за одлагање на востанието ''бар на една година'' , исто го потпиша затоа што ''и другите потпишале''. Нај важниот

Најважниот аргумент против востанието – недостигот на доволно оружје во повеќето реони – било до извесен степен демантирано од уверувањата на [[Иван Гарванов]], дека за скоро време ќе се случат крупни доставувања, како и од надежта, дека при општо востание, четите од [[Бугарија]] ќе префрлат значително количество пушки и други материјали.

По донесување на решението за востание од страна на Солунскиот – Јануарски конгрес, окружните комитети биле задолжени да ги преземат потребните мерки за забрзување на подготовките за кревање на востанието.

На тој начин црелокупниот организационен механизам на [[ВМРО]] бил ставен во движење. [[Ѓорче Петров]] истакнува дека во одлуката за кревање на востание вилјалево во голема мера и војводскиот кадар кој станал нетрпелив, дел од старите дејци поради премореност, а другите поради славољубие меѓу кој и [[Иван Гарванов]] кој сакал востанието да се крене во негово време <ref name="GP"><small>''Ѓорче Петров, Спомени, Коресподенција..., 167.''</small></ref>.
 
=== Нерегуларност на Конгресот ===
 
На конгресот не присуствувале ниту еден од основачите на [[Македонска револуционерна организација|Организацијата]] или по истакнати нејзини дејци. Голем дел од нив или не биле поканети или не сакале да присуствуваат.

Но на конгресот не биле повикани ниту војводите ниту нелегалните дејци и најверојатно нивното не учество во Конгресот било посакувано од [[Иван Гарванов]] и [[Атанас Лозанчев]] <ref name="HS"><small>''[[Христо Силјанов|Христо Силянов]], "Освободителнитѣ борби на Македония", [http://www.promacedonia.org/obm1/index.html том I Илинденското възстание], Издателство на Илинденската организация, София, 1933. {{bg}}''</small></ref>.

Дополнително на тоа имало несразмерност на делегатите по окрузи, имено Битолскиот, Одринскиот и Серскиот имале по еден делаегат додека пак Солункиот имал 4, а Струмичкиот округ 2. Сето тоа допринело подоцна да се постави прашањето за легитимноста и регуларноста на Конгрест. Татарчев кој го подржувал прашањето за востание истакнува:
 
{{Цитатник|''... Солунскиот конгрес... бил совршено незаконски, бидејќи ја одзел можноста на ЗП како составен дел на ЦК, да се искаже по прашањето за востанието'' <ref name="ht" /><ref name="VG" />}}