Џенифер Лопес: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Micki (разговор | придонеси)
с Откажано уредување 1788857 од (94.100.99.103 | Разговор)
Ред 11:
Џенифер Лопез е родена и израсна во Касл Хил, кварт во [[Бронкс]], [[Њујорк]]. Таа е ќерка на Гвадалупе (мом. Родригез), воспитувачка во градинка и Дејвид Лопез, информатичар, и двајцата родени во [[Понсе]], Порторико. Лопез израснала како припадник на Римокатоличката црква. Има две сестри, Lynda и Leslie. Целото свое образование го помина во Католички училишта, завршувајќи го Preston средното училиште во Бронкс. Потоа, таа сама се грижеше за плаќањето на нејзините часови по пеење и танцување на возраст од 19 години. По запишувањето на Baruch колеџот, таа го распредели нејзиното време помеѓу работа во правна канцеларија, часови по танцување, и танцови изведби во ноќните клубови на Менхетен. Лопез имаше мала улога во филмот од 1987 година, My little girl. По неколку месечни аудиции за танцови улоги Лопез беше избрана како танчерка на различни рап музички спотови во 1990 година, за Yo!МТВ RAPS, како и бекап танчерка на New kids on the block во нивната изведба на песната "Games" за настапот на Американските музички награди во 1991 година. Таа доби своја прва постојана работа како "Fly Girl", танчарка на телевизиската комедија In Living Color во 1990 година. Набргу потоа, Лопез стана бекап танчерка на Janet Jackson и се појави во нејзиниот спот од 1993 година, "That's the Way Love Goes".
 
'''''<big>Задебелен текст</big>''=='''Филм и телевизија'''==
 
Првото телевизиско деби на Лопез како актерка беше во серија на Fox, South Central. Таа, исто така гостуваше во Second Chances и Hotel Malibu. Потоа се појави во филмот Nurses on the Line: The Crash of Flight 7. Првата сериозна улога на Лопез беше во 1995 година во драмата на Gregory Nava, My family, играјќи ја улогата на младата Марија во 1920-тите. По играњето заедно со Jimmy Smits и Edward James Olmos во My Family, Лопез се појави во акциониот филм Money Train, заедно со Wesley Snipes и Woody Harrelson. Во 1996 година, таа пред другите кандидати (Ashley Judd и Lauren Holly) ја доби споредната улога во комедијата на Francis Ford Coppola, Jack, глумејќи заедно со Робин Вилијамс. Потоа, заедно со Џек Николсон, се појави и во трилерот на Bob Rafelson, Blood and wine.