Рихард Вагнер: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Одбиена последната промена (од 94.100.106.25) и вратена ревизијата 1780353 од Xqbot
Ред 115:
[[bat-smg:Richard Wagner]]
[[zh:理查德·瓦格纳]]
 
 
 
Рихард Вагнер (22 мај 1813 – 13 февруари 1883) бил генијален музичар, претставник на музичкиот романтизам. Роден е во Лајпциг. Неговиот татко починал само неколку месеци по раѓањето на Рихард, па тој детството го поминува во театарот, затоа што неговиот очув бил артист. Уште како мал, Вагнер сакал да чита и пишува, а подоцна станал и еден од најобразованите луѓе во 19 век. На 15 годишна возраст, тој доаѓа во допир со музиката на Бетовен, а на 19 години ја диригирал деветтата симфонија. Вагнер никогаш не добил целосно музичко образование, а неговото познавање од областа на музиката се должи на неколку месечното посетување на часови кај Кристијан Теодор Вајнлиг (учителот на Клара Шуман). Во 1832 година ја пишува својата "Симфонија во C-dur", и се овозможува неговата кариера како диригент. Неговата прва комплетна опера ја пишува во 1833 година, која е изведена дури после неговата смрт. Во операта тој создал синтеза од музика, сликарство, скулптура, архитектура и драма. Во своите творби ги обработувал германските митолошки ликови, а внесувал и многу патриотски чувства. Либретата ги пишувал сам. По завршувањето на студиите стапува во брак, кој е доста неуспешен и несреќен. Потоа Вагнер бил на турнеја низ Русија, па 3 години провел во Париз. Кога се вратил во Германија станал дворски диригент, но поради политички причини морал да се пресели во Вајмар, а потоа во Цирих. Тој се вљубува во жената на еден негов пријател. Поради чувството на вина тој ги раскинува односите со неа. Таа несреќна љубов тој ја прикажува во операта "Тристан и Изолда". Потоа следуваат посреќните денови во животот на Вагнер. Тој се вљубува во ќерката на Франц Лист и овај брак бил мошне успешен.
Вагнер сметал дека е потребна реформа на оперската уметност. Тој врши поделба на чиновите на слики, воведува лајтмотив (кој се провлекува низ целото дело поврзан за некое лице, поим или настан). Тој исто така наместо увертира воведува предигра која ги поврзува лајтмотивите. Го симфонизира оркестарот и воведува нови инструменти. Така се појавува новата форма на музичка драма наречена "Вагнерова". Врз творештвото на Вагнер влијаеле делата на: Бетовен, Моцарт, Шекспир, Берлиоз, Гете и други, а самиот Вагнер влијаел врз творештвото на: Штраус, Фридриг Ниче и други.
Во 1882 година, Вагнер тешко се разболува. Заминува на лекување во Венеција каде што во 1883 умира од срцев удар. Зад себе остава многубројни дела кои претставуваат врв на европската романтична опера. Негови најпознати дела се: опери- "Самовили", "Проколнатиот Холаѓанец", "Риенци", "Танхојзер", "Лоенгрин", "Тристан и Изолда", тетралогијата "Прстенот на Нибелунг" и други. Инструментална и останата музика- "Симфонија во C-dur", три клавирски сонати, песни за женски глас и клавир, "Американски стогодишен марш", "Фантазија во фис- мол", "Царски марш" и други. Исто така пишувал и есеи, новели, мемоари и друго од кои најважни се книгите: "Уметност и револуција", "Уметничкото дело во иднина", "Драма и опера" како и автобиографијата "Мој живот".