Версај (дворец): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 1:
[[Податотека:Versailles Palace.jpg|right|thumb|300px|„Почесниот двор“, дело на [[Луј Ле Во]]]]
[[Податотека:Lujstatua.jpg|thumb|right|200px|Споменик на кралот [[Луј XIV]] во „Почесниот двор“]]
'''Версајскиот дворец''' ([[фр.]] ''Château de Versailles'') е кралски [[дворец]], кој се наоѓа во непосредна близина на градот [[Версај (селоград)|Версај]] во [[Франција]]. Почнувајќи од [[1682]] год. кога кралот [[Луј XIV]] се преселил таму од [[Париз]], па сè додека кралското семејство не било приморано да се врати во Париз во [[1789]], '''Версајскиот двор''' бил центарот на моќта.
Во [[1660]] год. кралот [[Луј XIV]], кој веќе станал доволно возрасен за да владее, барал соодветно место за дворец близу [[Париз]] кој ќе биде истовремено доволно далеку за да се избегне бучавата на градот. Тој израснал со нередите на граѓанската војна помеѓу сопернички аристократски семејства и затоа барал место каде што ќе може да ја организира и комплетно контролира владата на Франција на начин на кој тој ќе биде во апсолутен центар на внимание. Тој избрал едно ловно засолниште од татка си и решил да го претвори во [[дворец]]. Во [[1661]] год. архитектот [[Луј Ле Во]] направил некои додатоци на засолништето кои подоцна биле понатаму доградени од негова страна ([[1668]]). Во [[1678]] год. архитектот [[Жил Ардуен Мансар]] ја преземал задачата и доградил уште две крила, кралска капела и познатата ''Сала на огледалата''. На [[6 мај]], [[1682]] Луј XIV конечно се преселил во дворецот.