Ѓорѓи I (Грција): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 3:
По прогонувањето на Ото I, во Грција биле одржени избори. Во март [[1864]] година бил донесен нов устав, изработен по модел на белгискиот устав. Според него, народот имал висок суверенитет, законодавната власт се состоела од Национално собрание, право на глас имале мажите кои наполниле 21-годишна возраст и имале имот. Извршната власт му припаѓала на кралот, но кралските наредби станувале валидни само по одобрувањето им од ресорниот министер. Во меѓувреме биле водени преговори за избор на нов крал. Круната била нудена на неколку кнезови, но како услов се барало пристап до [[Јонски Острови|Јонските Острови]] на [[Грција]]. Така, на грчкиот престол застанал данскиот принц Георг, кој во октомври [[1863]] година пристигнал во [[Атина]] и бил крунисан под името Георги I.
 
Георги бил првиот крал на Грција од [[династија Шлезвиг-Холштајн-Сондербург-Гликсбург|династијата Шлезвиг-Холштајн-Сондербург-Гликсбург]], син на данскиот крал [[Кристијан IX]]. Кога данскиот принц застанал на грчкиот престол, тој имал само 17 години. Во [[1867]] година Георги I се оженил за големата кнегиња [[Олга Константиновна]] (1851-1926) од руската [[династија Романови]]. Тие се венчале во [[1867]] година.
 
Инаку, како прв монарх на новата грчка династија, владеењето на Георги I од речиси 50 години (најдолга во историјата на современата Грција) се карактеризира со големи територијални добивки на Грција, која земјата ги добила до започнувањето на [[Прва Светска војна|Првата Светска војна]]. Тој бил убиен во [[Солун]], во времето на [[Прва Балканска војна|Првата Балканска војна]].
 
Наследник на Георги I бил неговиот син, [[Константин I (Грција)|Константин I]].