Донато Браманте: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 37:
 
== Ломбардија ==
Околу 1477 година, од непознати причини, Браманте се преселил во [[Ломбардија]]. Во [[Бергамо]] ги насликал [[фреска|фреските]] на фасадата од катедралата Палацо дел Подеста, на кои е претставена класична фигура на философ во сложено архитектонско окружување. Вазари рекол дека Браманте по работењето во повеќе градови „на работи од мала значајност и со мала вредност“, отишол во Милано „за да ја види катедралата“. Работата на катедралата во Милано, во која учествувале угледни архитекти, уметници и занаетчии од [[Италија]], [[Германија]] и [[Франција]], била важен фактор во тоа време за размена на знаења, методологија на планирања и развивање на градежните техники. Во тоа време, градот [[Милано]] бил богата метропола и главен град на државата, со која управувал [[Лудовико Сфорца]], наречен ''Ил„Ил Моро''Моро“, а ренесансната архитектура започнала да се развива, што било добра можност за еден млад архитект, како што бил Браманте.
 
Првото архитектонско дело, кое му се припишува на Браманте бил цртеж, кој претставувал конструкција во рушевини со човечки фигури. Тој цртеж бил почетна студија за графичките техники и технологии на графичарот Бернардо Преведарија од 1481 година. Скоро во истото време, Браманте работел на конструкцијата на црквата св. Марија. Во конструкцијата на црквата, лесно може да се забележат влијанијата на други познати архитекти, како Алберти, Брунелески, како и другите претставници од Урбинската школа. Сепак, бил вметнат и стил кој одговарал на локалниот вкус.