Во ле Виконт: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додава: vi:Lâu đài Vaux-le-Vicomte
сНема опис на уредувањето
Ред 16:
За кратко време дворецот станал голем центар на префинети гозби, книжевност и уметност. Меѓе уметниците блиски на Фуке биле и поетот [[Жан де Ла Фонтен|Ла Фонтен]] и драматургот [[Молиер]]. На самата инаугурација на дворецот била изведена пиеса од Молиер, заедно со вечера, организирана од [[Франсоа Вател|Вател]], заедно со импресивен огномет.
 
Дворецот бил раскошен, префинет, и маѓепсен по изглед, но и богат по задкулисна драма. Накратко по една славна прослава на [[17 август]], [[1661]] со Молиеровата пиеса 'Les Fâcheux'. Прославата била премногу импресивна, а домот премногу лускузен, па [[Жан-БаптистБатист Колбер]] успеал да го наговори кралот дека овој сјај е финансиран од манипулација со јавните фондови. Колбер го уапсил Фуке, па го заменил како финансов управник. Подоцна [[Волтер]] за резимира славната прослава вака: „На 17 август, во шест навечер Фуке беше Крал на Франција: во два наутро тој беше никој и ништо“. [[Жан де Ла Фонтен|Ла Фонтен]] исто така напишал опис на прославата, и накратко потоа и неговата ''Елегија за нимфите од Во''.
 
По апсењето Фуке бил затворен доживотно, неговата жена била протерана, а Во-ле-Виконт бил конфискуван. По конфискацијата, кралот купил 120 таписерии, статуите, и сите портокалови дрва. Потоа пратил група уметници (Ле Во, Ле Нотр и Ле Брен) да проектираат проект многу поголем од Во-ле-Виконт: [[Версај]], потоа последователно менуван од најголемите архитекти, како [[Жил Ардуен Мансар]] и [[Анж-Жак Габриел]], зголемувајќи го сѐ до [[Француска револуција|Француската револуција]].