Единаесетта пешадиска македонска дивизија: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 5:
== Почеток и состав ==
Идеjата за таква дивизиjа била на раководството на [[ВМОРО]] и кругот околу [[Александар Протогеров]]. Одлуката за неjзиното создавање била донесена на 22 август 1915 година, а името Единаесетта македонска било дадено на 12 септември истата година. Фактичката организациjа била спроведена во текот на општата бугарска мобилизациjа меѓу 1 и 4 септември. Составот вклучувал седум полкови, шес пешадиски, нарекувани 1-6 македонски полкови, и еден артилериски полк. Во првиот ден на воjната во дивизиjата имало 34,745 офицери и воjници. Офицерите во дивизиjата исто биле претежно од Македониjа. Командир бил генералот [[Крсте Златарев]], начелник штаб - полковникот [[Петар Дрвингов]], командир на Втора пешадиска бригада – полковникот [[Григор Ќуркчиев]], командир на Трета пешадиска бригада полковникот Александар Протогеров, командир на [[Петти македонски полк]] – потполковникот [[Борис Дрангов]], и така натаму.
 
== Воени деjства ==
Во есента на 1915 година Единаесетта пешадиска македонска дивизиjа нападнала [[Србија]] во правец кон [[Вардарска Македонија]] во составот на Втора бугарска армиjа и имала значаjно учество во успешните битки каj [[Струмица]], [[Кавадарци]], [[Неготино]] и [[Криволак]] против србски и френски експедициски трупи. Во 1916 дивизиjата била префрлена на источниот сектор на [[Македонски фронт|Македонскиот фронт]], каде успешно извршила напад во текот на бугарската офанзива меѓу реката [[Места]] и реката [[Струма]] против англиските експедициски трупи. Во 1917 воените деjства продолжиле, а во 1918, кога одделни бригади биле префрлени во составот на неколку различни позиции, дел од неjа учествал во успешната заштитна [[Битка кај Дојран]] на 18 и 19 септември 1918, во коjа биле победени многу посилни англиски и грчки трупи. Потоа во текот на офанзивата на [[Антанта|Антантата]] во Вардарска Македониjа Единаесетта пешадиска македонска дивизија отстапила во добар ред до денешниот [[Благоевград]] каде била демобилизирана, а во април 1919 година била конечно распуштена.
 
== Извори ==