Константин II (Грција): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Константинос II''' ([[грчки]]: ''Κωνσταντίνος Β΄ της Ελλάδας''; {{роден на|2|јуни|1940}} во {{роден во|Атина|}}, [[Грција]]) бил [[крал на Грција]] во периодот од [[6 март]] [[1964]] до [[1973]] година.
 
Тој бил син на [[Павлос I]] и [[Фредерика Хановер]]<ref name=waiting>Monarchs In Waiting, pp.39-40</ref>. Негова постара сестра е моменталната кралица на Шпанија, [[Софија Грчка|Софија]]. Неговата помлада сестра, [[Принцеза Ирена Грчка]] е немажена. Тој бил една година кога [[Нацистичка Германија]] извршила инвазија врз [[Грција]]. Константинос следните четири години го поминал во егзил во [[Египет]] и [[Кејп Таун]], (каде што неговата сестра Ирена е родена), заедно со своето семејство. Тој се вратил во Грција со своето семејство во [[1946]] година. Кралот Јоргос починал во [[1947]] година, и неговиот брат Павлос станал крал, правејќи го принц на Константин.

Завршил воено училиште во Атина. Се оженил за Ана Марија Данска. Под влијанието на својата мајка, влегол во конфликт со [[Јоргос Папандреу (стариот)|Јоргос Папандреу]] , и го принудил да подаде оставка на функцијата [[премиер на Грција]] во 1965 година. Политичката криза во земјата довела до воен преврат во 1967 година. Истата година, Константинос направил неуспешен обид за зазимање на власта, па така бил принуден да ја напушти земјата. Но, во 1973 година, од страна на хунтата бил спроведен референдум, кој му дозволил на кралот да се врати во земјата. По паѓањето на хунтата од власт во 1974 година, во земјата бил спроведен нов референдум и со резултата од 67,5% било потврдено решението на народот да земјата биде претседателска република. По ова, Константинос II живее во Лондон.
 
== Наводи ==