Бубрег: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додава: zh-yue:腎
Ред 68:
Степенот на гломеруларна филтрација зависи од три фактори: разликата во [[Хидростатски притисок|хидростатскиот притисок]] меѓу капиларите и Бовмановата капсула (како резултат на крвниот притисок), колоидниот [[осмотски притисок]] (кој и се спротиставува на филтрацијата) и од хидрауличната пропусливост на трислојното ткиво кое ги одделува капиларите и луменот на Бовмановата капсула. Сè на сè, крвниот притисок во телото е многу важен за степенот на одвивање на гломеруларната филтрација, бидејќи количината на крв што минува низ гломерулот одредува колкава количина на течност ќе се филтрира и со колкава брзина таа може да се филтрира. Според ова, меѓу опасностите од многу нискиот крвен притисок припаѓа и нарушувањето на функцијата на бубрезите. Ова е главната причина за користењето на надувани ,,шокови костими‘‘ во долниот дел на телото во случаи на екстремно голема загуба на крв од траума. Со редукција на крвотокот во нозете, крвниот притисок во трупот се одржува висок, со цел да се одржи бубрежната функција.
 
Телото преку ендокрини одговори може да го регулира степенот на одвивање на гломеруларната филтрација. Во случај на саморегулација, зголемениот крвен притисок ги растегнува ѕидовите на аферентната артериола, која одговара со контракција, а со тоа ја редуцира флуктуацијата на крвниот притисок во гломерулот. Паѓањето на крвниот притисок носи намалување во степенот на гломеруларна филтрација, што од своја страна доведува до намалување на [[натриум]]овите јони во филтратот (филтратот се движи низ нефроните побавно, дозволувајќи попатно да се апсорбира повеќе натриум). Ова намалено ниво на натриум во филтратот се препознава пд страна на ''[[macula densa]]'', односно група на изменети клетки на ѕидот од дисталната извиена тубула кои лежат до аферентните и еферентните артериоли на гломерулот. Како одговор на нискиот натриум, клетките од [[Јукстагломеруларен апарат|јукстагломеруларниот апарат]] (ЈГА) ослободуваат [[ренин]]. Ова поттикнува последователност од биохемиски реакции кои даваат зголемување на крвниот притисок, а со тоа и зголемување на степенот на гломеруларна филтрација.nema veze Оваа последователност од биохемиски реакции вклучува зголемување на [[ангиотензин II]], што помага за наголемување на крвниот притисок преку [[вазоконстрикција]] на артериолите во поголем дел од телото и поттикнување на зголемена синтеза на [[антидиуретичен хормон]] (АДХ), што ја зголемува ресорпцијата на вода во собирачките каналчиња на бубрегот, а со тоа се зголемува крвниот волумен. Ангиотензин II исто така го поттикнува ослободувањето на [[алдостерон]] од кората на [[Надбубрежна жлезда|надбубрежната жлезда]], што води кон задржување на натриумот и водата, со што се помага во наголемувањето на крвниот притисок. Степенот на гломеруларната филтрација може исто така да се регулира со [[Симпатичен нервен систем|симпатички]] нервни одговори, што може да резултира во констрикција или дилатација на аферентните артериоли при зголемен телесен стрес. Вазоконстрикцијата го наголемува крвниот притисок (а со тоа и степенот на гломеруларна филтрација), додека вазодилатацијата го намалува (а со тоа и СГФ).
 
==== Тубуларна реапсорпција ====
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Бубрег